Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одреден 30-дневен притвор на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Одреден 30-дневен притвор на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство
ХРОНИКА

Одреден 30-дневен притвор на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство

Објавено March 20, 2026 20:36
Сподели
Сподели

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му одреди 30-дневен притвор на актуелниот директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, кој вчера беше фатен, а денеска и формално лишен од слобода и осомничен за примање мито.

Мерката е определена на предлог на Основното јавно обвининителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) кое денеска отвори истражна постапка против државниот службеник.

Како што информираа попладнево од Кривичен, притворот е определен по сите три основи, односно опасност од бегство, можноста од влијание врз сведоци и опасност да го повтори делото.

Претходно од Министерството за внатрешни работи (МВР) и од ОЈО ГОКК соопштија детали во врска со дејствијата што осомничениот директор на Државниот инспекторат за земјоделство ги презел за да изнуди поткуп од 100 000 евра, кој требало да биде исплатен на три рати.

Парите тој ги барал од сопственик на фирма за да овозможи стоката што таа ја увезувала да влезе во земјава, откако претходно била задржана на граничен премин. Образложението на осомничениот, според МВР, било дека стоката има забрана за влез бидејќи не ги исполнува законските услови за увоз. Од ОЈО ГОКК наведуваат дека осомничениот во периодот од 5 март до вчера директно ги барал парите, притоа вршејќи притисок врз службени лица да не му се одобри увоз на стока на правното лице, иако таа многупати претходно била увезувана.

Посредник во примопредавањето на парите требало да биде шпедитерот на стоката.

„Како оправдување на шпедитерот му било истакнато дека стоката што требало да се увезе не е во согласност со законските прописи. Како резултат на притисоците, стоката повеќе денови стоела на граничен премин, па откако оштетениот побарал образложение за забраната, осомничениот започнал дејствие на барање поткуп“,велат од ОЈО ГОКК.

На 13 март бил одобрен влез за стоката на друг граничен премин, а осомничениот на средба со шпедитерот и оштетениот увозник директно побарал поткуп за одобрениот увоз и за идните увози, при што побарал првата рата од 50 000 евра да му биде дадена до вчера, а останатите две рати во деновите што следат.

Откако оштетениот ги предал парите на шпедитерот, тој вчеравечер се сретнал со осомничениот и извршил примопредавање на парите, по што директорот на Државниот инспекторат за земјоделство бил лишен од слобода од страна на полициските службеници.

Васе Анакиев беше именуван за в.д. директор на Државниот инспекторат за земјоделство во јули 2024 година.

Тој е потпретседател на Социјалистичката партија на Македонија (СПМ), која е дел од владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија САД се подготвува копнено да влезе во Иран?
Следна Статија Германија минатата година од своите граници вратила повеќе од 30 илјади лица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пронајдено безживотно тело во Вардар кај село Уланци

Екипа на Територијалната противпожарна единица во Велес вчера извадила безживотно тело од водите на Вардар кај село Уланци во општина…

December 1, 2025
ХРОНИКА

Македонски државјанки се обиделе да шверцуваат 16 луксузни чанти од Париз

Две пријателки кои патувале со лет од Париз во договор со македонски моден креатор кој престојува во Франција се обиделе…

January 29, 2025
ХРОНИКА

Oпределeни мерки за претпазливост за шест полициски службеници осомничени за пожарот во Кочани

Основниот кривичен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за…

April 16, 2025
ХРОНИКА

На Табановце откриени непријавени луксузни часовници вредни 38 илјади евра

Царинските службеници на граничниот премин со Србија, Табановце – Прешево, спречија обид на српски државјанин да криумчари во ранец два…

August 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?