Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Од бројки до одлуки“: ИСОС ја зајакнува финансиската едукација за МСП со фокус на сметководствената практика
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > „Од бројки до одлуки“: ИСОС ја зајакнува финансиската едукација за МСП со фокус на сметководствената практика
ЕКОНОМИЈА

„Од бројки до одлуки“: ИСОС ја зајакнува финансиската едукација за МСП со фокус на сметководствената практика

Објавено June 2, 2025 16:59
Сподели
Сподели

Финансиско планирање и контрола, управување со финансии, анализа и толкување на извештаи, донесување инвестициски одлуки, стратегии за финансирање, управување со ризици и ESG-известување се главните теми опфатени со обуката „Од бројки до одлуки“, која започна во Стопанската комора на Северна Македонија. Оваа обука е прва од ваков тип, наменета за малите и средни претпријатија (МСП) и сметководствени практики.
Програмата ја организира Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС), во рамки на регионалниот проект на Центарот за реформа на финансиското известување при Групацијата на Светска банка. Преку интерактивна програма составена од пет модули, учесниците се оспособуваат за поефикасно финансиско планирање, донесување одлуки и справување со современите економски и регулаторни предизвици.


„Очекуваме овие обуки да придонесат кон зголемување на нивото на финансиска едукација кај малите и средни претпријатија. Особено ни е важно што преку нив се препознава клучната улога на сметководителот – не само како чувар на финансиската усогласеност и известување, туку и како стратешки партнер во управување со финансии, анализа на податоци и ублажување на финансиски ризици. Во услови на постојани економски турбуленции, сметководителот станува критичен фактор за стабилноста и одржливоста на бизнисот“, изјави Весна Прентоска, претседателка на ИСОС.

Обуката опфаќа теми како стратешко и тактичко планирање, буџетирање, модели и структури на финансирање, вреднување на инвестиции и усогласување со регулативите на Европската Унија. Учесниците добиваат практични знаења за подготовка на финансиски и ESG-планови, прилагодени на реалните предизвици со кои се соочуваат компаниите од МСП секторот.

Стопанската комора е партнер во реализацијата на обуката, а поддршката од Светска банка претставува силна потврда за важноста на темата. Малите и средните претпријатија, како двигатели на вработувањето и економскиот развој, мора да бидат подготвени за современите предизвици и барања од инвеститорите, банкарскиот сектор и регулаторите.

ИСОС и понатаму останува посветен на развојот на сметководствената професија, преку соработка, регионални и меѓународни партнерства и континуирана едукација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од ноќеска ќе точиме поевтини горива
Следна Статија На Криволак реализиран ден за високи гости во рамките на воената вежба „Брз одговор 2025“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески: Стабилноста на денарот останува цврста определба, банкарскиот систем е стабилен

Стабилноста на денарот нема и не смее да се доведе во прашање. Тоа е одамна затворено прашање“, порача гувернерот на…

June 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Секоја четврта контрола покажува дека не се издаваат фискални сметки

Секоја четврта контрола покажува дека не се издаваат фискални сметки, велат од УЈП. По околу 4000 контроли кои ги направиле,…

December 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Објавена листата на фирми на кои ќе им бидат одземени лиценците

Mинистерството за транспорт ја објави листата на правни лица за кои се води постапка за одземање на лиценцата во делот…

March 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Се решаваат наследените проблеми во Железница транспорот: Подобри услови за машиновозачите и сите вработени

Директорот на Македонски железници Дејан Кошутиќ заедно со Државниот секретар г. Стефан Волкановски и со поддршка од Министерот за транспорт…

December 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?