Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од велешка Маслодајна бараат намалување на ДДВ за сончоглед од 10 на 5 отсто, а на суровото масло како суровина за производство на зејтин зголемување на ДДВ од 5 на 10 отсто
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Од велешка Маслодајна бараат намалување на ДДВ за сончоглед од 10 на 5 отсто, а на суровото масло како суровина за производство на зејтин зголемување на ДДВ од 5 на 10 отсто
ЕКОНОМИЈА

Од велешка Маслодајна бараат намалување на ДДВ за сончоглед од 10 на 5 отсто, а на суровото масло како суровина за производство на зејтин зголемување на ДДВ од 5 на 10 отсто

Објавено November 30, 2025 11:50
Сподели
Сподели

Прехранбената индустрија „Кристал 1923“ АД Велес попозната како Маслодајна оваа година откупи 4.950 тони домашен сончоглед и увезе 2.262 тона сончоглед или вупно околу 7.300 тона сончоглед иако капацитетот на оваа фабрика е далеку поголем. Со оваа количество само за еден месец во годината може да се задоволи домашниот пазар, но поради малиот интерес на земјоделците за производство на сончоглед фабриката е принудена најголемиот дел од суровината да увезува од странство и тоа не како сончоглед, туку како сурово масло иако има големи капацитети за откуп на поголеми количества на сончоглед и производство на масло за јадење и задоволување на целокупниот домашен пазар.

За заштита на домашното производство на сончоглед сопственикот и главен директор на „Кристал1923“  Горан Лазов на денешната прес-конференција повторно побара од надлежните намалување  на ДДВ за сончогледот од 10 на 5  отсто како што беше порано, бидејќи според него сончогледот не е луксузно растение туку индустриско растение. Тој воедно бара зголемување на ДДВ за увоз на сурово масло како суровина од 5 на 10 отсто со што и државата би имала поголем прилив во државната каса.

Тој  потенцира дека велешка Маслодајна има големи капацитети и може да откупи многу поголемо количество на сончоглед и целото да го преработи во масло за јадење и целосно да го задоволи македонскиот пазар, а да се намали увозот на сурово масло за производство на масло за јадење.

Воедно информира дека досега исплатил 80 проценти од земјоделците, а до Нова година најави дека ќе ги доисплати уште преостанатите 20 проценти од земјоделците кои во Маслодајна го предале сончогледот.

Лазов рече дека иако тој повеќе години наназад се залага за поголемо производство, сепак производството на сончоглед односно интересот на земјоделците во земјава е се уште многу мал и само во два региони – Пелагонсискиот  и Кумановскиот.

-Иако обебедуваме и семенски материјал за земјоделците и се трудиме и навреме им исплаќаме за предадениот сончоглед, сепак за жал нема некои поголеми зголемувања на количините на сончоглед во земјава, посочи Лазов.

Тој му порача на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да се запраша зошто во земјава не се зголемува производството на сончоглед иако, како што посочи, МЗШВ се залага за зголемување на домашно земјоделско производство.

-Затоа апелирам до МЗШВ да преиспита каде е проблемот и заеднички ние како откупувачи, МЗШВ и земјоделците да го решаваме тој проблем во интерес на сите, рече Лазов.

Нагласи дека за да имаат ниски цени на маслото за јадење потребно им е доволно количество домашна суровина-сончоглед, кое ќе ги задоволи домашните потреби, а не да се принудени на увоз, со што производот е секогаш поскап.

Лазов на надлежните во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство им посочи да видат каде одат парите од субвенциите за земјоделците, дали за модернизација на земјоделството или за нивни други потреби. Предложи да помогнат за изградба на мини акумулации за земјоделците, со што сончогледот би се наводнувал и би се зголемиле приносите и квалитетот.

Лазов информира дека компанијата „Кристал 1923“ работи успешно, со заложба за зголемување на извозот, според заложбите и на Владата.

Во 2023 година компанијата „Кристал 1923“, како што кажа,  извезла 317 тони маргарин, а во 2024 година 225 тони маргарин, поради мерката во Србија со која беше спречено да се носи македонски маргарин во Србија. Додека  во 2025 година досега имаат извезено 715 тони маргарин и очекува натамошно зголемување на извозот на маргарин

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) „Нема друга Македонија“ во маестрална преработка на Некст Тајм
Следна Статија (ВИДЕО) СДСМ: Девет милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Славески: Забележлива тенденција на намалување на банкарските провизии

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески, преку објава на Твитер информираше дека кај големите банки е направен значаен прв чекор…

December 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Оперативниот план за вработување опфаќа над 16 илјади граѓани, 65 проценти од нив млади до 29 години

Оперативниот план за вработување за 2025 година е вреден 40 милиони евра, и опфаќа над 16 илјади невработени, од овие…

May 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Брзата пруга на Коридор 10 ќе биде „златната кокошка“ за Македонија

Изградбата на брза пруга на коридор 10 несомнено ќе биде „златната кокошка“ на Макeдонија бидејќи ќе носи многу профит, изјави…

May 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

За шест отсто се зголемил бројот на патници на двата аеродроми

Двата македонски аеродроми Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид во првите девет месеци опслужиле вкупно 2…

October 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?