Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од денеска изменет сообраќаен режим на мостот „Влајко“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Од денеска изменет сообраќаен режим на мостот „Влајко“
МАКЕДОНИЈА

Од денеска изменет сообраќаен режим на мостот „Влајко“

Објавено July 29, 2025 18:27
Сподели
Сподели

Општина Карпош ја информира јавноста дека од денеска со почеток во 07:30 часот ќе започнат работните активности за статичко испитување на надземниот премин „Влајко“ (во населбата Влае).

Поради изведување на стручните мерења, ги известуваме сите граѓани дека ќе биде воведена времена измена на сообраќајниот режим, која ќе се реализира во две фази. Имено, во првата фаза се предвидува затворање на дел од сообраќајницата, односно булеварот „Партизански одреди“, по принципот лента по лента, во насока исток – запад, поточно во правец кон населбата Ѓорче Петров. По завршување на првата фаза, ќе следи затворање на сообраќајот во насока запад – исток, (кон Центар), исто така по принципот лента по лента, велат од општината.

Во оваа пригода локалната самоуправа посочува дека во текот на изведување на работите, сообраќајот на тој потег ќе се одвива непречено, согласно сообраќајната сигнализација и опремата која ќе биде времено поставената, на која ќе биде означено прописно ограничување на брзината на движење од 30 km/h. Се предвидува овие активности да се одвиваат во период од седум работни дена, а по нивното завршување да биде воспоставен првобитниот режим на сообраќај.

Општина Карпош апелира до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат и да се прилагодат кон времениот сообраќаен режим, за што однапред им благодари на разбирањето и соработката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кавадарчанка го пријавила поранешниот партнер за вознемирување
Следна Статија УЈП: Загрижувачка состојба во исполнување на ДДВ обврските

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска Давкова во Ница оствари средба и со Макрон: Целта е да се нагласи важноста на меѓународната научна соработка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од вчера престојува во работна посета на Ница, Франција, каде учествува на третата Конференција на Обединетите Нации…

June 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Битолчани протестираа против изградбата на регионална депонија

„Изгорени“ од децениското загадување од РЕК „Битола“ битолчани денеска излегоа на протест пред општинската зграда спротивставувајќи се на изградбата на…

March 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски побара обвинителството да го истражи криминалот во претпријатието „Државни патишта“, поврзан со патот Скопје-Блаце

Министерот за транспорт Александар Николоски во интервју за Алсат вели дека функционери на ДУИ и одредени структури од поранешната власт…

November 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сончево и многу топло време, до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер…

June 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?