Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од денеска испраќање пациенти во Италија, Холандија и Белгија, лекарски тимови од Чешка и Израел во земјава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Од денеска испраќање пациенти во Италија, Холандија и Белгија, лекарски тимови од Чешка и Израел во земјава
МАКЕДОНИЈА

Од денеска испраќање пациенти во Италија, Холандија и Белгија, лекарски тимови од Чешка и Израел во земјава

Објавено March 18, 2025 13:34
Сподели
Сподели

Бројката на хоспитализирани лица кои изгореа во пожарот во дискотеката во Кочани надминува 160 – 170 заедно со 16-те примени во приватните болници. Во најкус рок, за 24 часа, сите се згрижени и кон сите е постапено соодветно, а над 70 пациенти се успешно транспортирани надвор од земјава. Со оглед дека се исполнети капацитетите во соседството, од денеска пациенти ќе се испраќаат и во Италија, Холандија и Белгија. Лекарски тимови од Чешка и Израел им помагаат на нашите лекари, додека тим од Британија денеска ќе пристигне во земјава за да помогне во подготвување на следната фаза – рехабилитација на повредените, рече директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски кој ја посети ГОБ „8 Септември“ заедно со премиерот Христијан Мицкоски.

Според Клековски, сите пациенти се живи и тоа, како што напомена, е голем успех, а критичните се испратени во специјализирани центри во странство.

– Ги уверувам членовите на семејствата дека сите пациенти, до последен, се мобилизирани и се прават максимални напори за нивно лекување. Нема ниту еден критичен пациент да не е згрижен во институција за изгореници, а Владата овозможи родителите да бидат со нивните деца, потенцира Клековски, додавајќи дека ова не е битка од 72 часа, туку ќе трае со недели и месеци.

Директорот на Фондот подвлече и дека податоци за пациентите нема да се соопштуваат лично.

– Медиумите да не очекуваат информации за тоа кој пациент во каква состојба е, странските болници инсистираат комуникацијата да биде преку Министерството за здравство, рече Клековски.

Директорот на ГОБ „8 Септември“ Синиша Стојаноски информира дека засега нема критични пациенти, сите се во стабилна состојба. Повеќето имаат изгореници од втор и трет степен, најмногу на главата и дланките. Други повреди се од вдишување врел воздух и издувни гасови, како и трауматски набиеници и скршеници.

– Болницата максимално ќе се гиржи за сите пациенти и за оние што потенцијално ќе бидат упатени тука, тимот безрезервно се вложува. Протоколите се запазуваат максимално, изгорениците се отворени рани и се внимава да не дојде до потенцијални инфекции на раните, изјави Стопјаноски.

Прмеиерот Мицкоски апелира секој што бил во периметарот на ужасниот на стан да се јави на доктор независно дали чувствува проблеми или не.

– Како Влада правиме се што можеме за да спасиме човечки животи, потенцира Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија И свети ВМРО да е, ако некој направил грешка ќе одговара – вели Мицкоски за градоначалникот на Кочани
Следна Статија Српски медиуми: Македонија реагираше брзо, за разлика од српската Влада

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

До Советот сѐ уште не стигнале пријавите од кандидатите за државен јавен обвинител

До Советот на јавни обвинители сѐ уште не се доставени пријавите од кандидатите кои конкурирале на огласот за избор на…

February 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Одбележани 73 години од раѓањето на Горан Стефановски

Кај спомен-клупата во Дебар Маало посветена на Горан Стефановски денеска се одржа  настан „Горан е тука“ по повод 73 години…

April 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судски совет во петок ќе избира нов претседател

Судскиот совет ќе одржи седница на ден 3 јануари, петок, на која ќе се избира претседател на Советот. Седницата е…

December 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Основачите на ВМРО-ДПМНЕ со својата храброст и визија го создадоа тоа што денес е најголемата организација на Балканот

Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на секој еден од основачите, кој што, со своето дело, со својата храброст,…

June 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?