Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од денеска се повлекуваат блокадите на Евзони
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Од денеска се повлекуваат блокадите на Евзони
БАЛКАН

Од денеска се повлекуваат блокадите на Евзони

Објавено January 22, 2026 18:26
Сподели
Сподели

По 53 дена поминати на блокадата, во текот на денешниот ден се очекува грчките земјоделци заедно со нивните трактори да се повлечат од граничниот премин Евзони кон нашата земја, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчките земјоделци, по средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во понеделникот, одржаа состаноци на блоковите го разгледаа исходот од разговорите и донесоа одлуки постепено да се повлечат од патиштата и граничните премини.

До утре се очекува сите земјоделци да ги тргнат тракторите од улиците
Земјоделците од делови на северна Грција на 1 декември ги паркираа нивните трактори на грчката страна од граничниот премин Евзони и подолг период, на неколку часа го блокираа сообраќајот на сите возила за влез и излез од земјата.

Денеска, според информациите на дописничката на МИА од Атина, земјоделците ќе се повлечат од Евзони, а во текот на следниот месец веројатно ќе се сретнат со министерот за земјоделство Костас Циарас.

Протестите на земјоделците од цела Грција започнаа на 30 ноември со постепено поставување блокади на клучни локации на автопатиштата во земјата, но и на граничните премини кон нашата земја, кон Бугарија и кон Турција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВМРО-ДПМНЕ со реакција: Ленче беше дел од криминалната мрежа на СЈО и сега наместо да се извини глуми жртва
Следна Статија Кавадарчанка измамена преку СМС, за лажен прекршок и наплатиле близу 500 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

По Заев, руските комичари го насамарија и Курти (ВИДЕО)

Руските комичари Алексеј Владимирович Столјаров и Владимир Александрович Кузњецов, односно Лексус и Вован, познати по нивните имитации со кои измамија…

March 27, 2025
БАЛКАН

Победник на хрватските општински избори го прослави триумфот по гаќи (ВИДЕО)

Поранешниот градоначалник на Плитвички Езера во Хрватска, Анте Ковач, освои мнозинство во Општинскиот совет со својата Независна листа „Стоп“, додека…

May 19, 2025
БАЛКАН

Внимавајте каде паркирате: Солун воведува блокатори на тркала за непрописно паркирани возила

Со цел спречување на непрописното паркирање, општина Солун од денеска воведува блокатори на тркала што ќе се поставуваат на автомобили…

August 8, 2025
БАЛКАН

Во прекин авиосообраќајот во Грција

Воздушниот простор на Грција од претпладнево е целосно затворен за полетување и слетување на сите авиони кон и од сите…

January 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?