Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од денеска се повлекуваат блокадите на Евзони
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Од денеска се повлекуваат блокадите на Евзони
БАЛКАН

Од денеска се повлекуваат блокадите на Евзони

Објавено January 22, 2026 18:26
Сподели
Сподели

По 53 дена поминати на блокадата, во текот на денешниот ден се очекува грчките земјоделци заедно со нивните трактори да се повлечат од граничниот премин Евзони кон нашата земја, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчките земјоделци, по средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во понеделникот, одржаа состаноци на блоковите го разгледаа исходот од разговорите и донесоа одлуки постепено да се повлечат од патиштата и граничните премини.

До утре се очекува сите земјоделци да ги тргнат тракторите од улиците
Земјоделците од делови на северна Грција на 1 декември ги паркираа нивните трактори на грчката страна од граничниот премин Евзони и подолг период, на неколку часа го блокираа сообраќајот на сите возила за влез и излез од земјата.

Денеска, според информациите на дописничката на МИА од Атина, земјоделците ќе се повлечат од Евзони, а во текот на следниот месец веројатно ќе се сретнат со министерот за земјоделство Костас Циарас.

Протестите на земјоделците од цела Грција започнаа на 30 ноември со постепено поставување блокади на клучни локации на автопатиштата во земјата, но и на граничните премини кон нашата земја, кон Бугарија и кон Турција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВМРО-ДПМНЕ со реакција: Ленче беше дел од криминалната мрежа на СЈО и сега наместо да се извини глуми жртва
Следна Статија Кавадарчанка измамена преку СМС, за лажен прекршок и наплатиле близу 500 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Македонски знамиња низ Белград во знак на сочувство за трагедијата во Кочани (ВИДЕО)

По Кулата „Белград“, на чија фасада вчера се оддаваше почит за настраданите во Кочани, главниот град на Србија денеска осамна…

March 18, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Во Белград се одржува голема воена парада на српската армија

Во Белград се одржува воена парада – „Силата на единството“ по повод одбележување на Денот на српското единство, слобода и…

September 20, 2025
БАЛКАН

Вучиќ ги повика блокадерите на ТВ-дебата

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги покани, како што рече, претставниците на „Студентите во блокада“ на дебата пред сите камери. „Предлагам…

August 22, 2025
БАЛКАН

Во Турција приведени 357 осомничени за поврзаност со Исламска држава

Турската полиција приведе 357 осомничени лица во денешната операција против членови на Исламска држава. Акцијата е спроведена еден ден по…

December 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?