Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од денеска со „Виз ер“ летови до Барселона и Лион
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Од денеска со „Виз ер“ летови до Барселона и Лион
ЕКОНОМИЈА

Од денеска со „Виз ер“ летови до Барселона и Лион

Објавено May 3, 2025 19:53
Сподели
Сподели

Од Меѓународниот аеродром Скопје вечерва стартуваа првите летови за Барселона и за Лион на нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“. Како што информира ТАВ Македонија, за Барселона полетаа 161 патник, а за Лион 180.

На релацијата Скопје – Барселона – Скопје, „Виз ер“ ќе лета секој вторник и сабота, додека летовите до Лион ќе се одвиваат три пати неделно, секој вторник, четврток и сабота.

-Со ова се исполни повеќегодишното барање за враќање на директната авиоврска меѓу Скопје и Барселона, на големо задоволство на сите вљубеници во овој град на уметноста, историјата, архитектурата и спортот. Истовремено, благодарение на „Виз ер“, за граѓаните се отвори сосема нова туристичка дестинација од Меѓународниот аеродром Скопје, францускиот град Лион, еден од најголемите гастрономски центри во светот, кој важи за срцето на француската кујна, наведува ТАВ Македонија.

Авиобилетите се достапни и може да се резервираат на https://www.wizzair.com/.

На првиот лет за Барселона беше и добитничката на двата авиобилета од „Виз ер“, избрана по случаен избор преку повикот за дарување што ТАВ Македонија го објави на Инстаграм-страницата и Фејсбук-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопјанец ја убил сопругата, уапсен е на граница при обид за бегство
Следна Статија Подготвителна седница за Законот за јазици на 19 јуни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: За дел од трговците има постапки пред институциите, девијантното однесување ќе се сведе на минимум

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека веќе има постапки за дел од трговците поради состојбата со цените на храната и оти…

September 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

ЕСМ бара поскапување на парното греење во Скопје

ЕСМ до Регулаторната комисија за енергетика поднесе барање за промена на максималниот регулиран приход и цена за 2024 година за…

January 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Само на Коридорот 8 ќе инвестираме 5,5 – 6 милијарди евра

Македонија само во патната инфраструктура на Коридорот 8 моментно вложува 2,1 милијарди евра, а во делот на железницата следните пет-шест…

May 12, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ако се утврди драстично зголемување на цените ќе бидат применети мерки кои ќе траат до крај на годинава, најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски немал информации дека цените во маркетите се драстично зголемени по завршувањето на мерката за ограничување на маржите.…

May 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?