Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од Кочани до Скопје -транспортиран предметот за „Пулс“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Од Кочани до Скопје -транспортиран предметот за „Пулс“
МАКЕДОНИЈА

Од Кочани до Скопје -транспортиран предметот за „Пулс“

Објавено July 2, 2025 18:05
Сподели
Сподели

Предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“, оформен од Основното јавно обвинителство – Кочани, денеска е префрлен од Основниот суд Кочани во Основниот кривичен суд Скопје, согласно решението на Врховниот суд на РСМ, со кое се утврдува дека скопскиот суд е стварно и месно надлежен за оценка на обвинителниот акт.

Како што соопштија од Основен кривичен суд Скопје, Основниот кривичен суд Скопје е опреден како надлежен за постапката, па во тој правец, доставениот обвинителен акт, согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на совет за оцена на обвинение кој по примерот ќе го достави актот до обвинетите по што започнува Законскиот рок за приговор на истиот.

-По исполнување на предвидените услови за постапување, советот ќе закаже седница за оцена за исходот странките и јавноста, ќе биде навремено известени, стои во соопштението од Кривичен суд.

Оттаму потсетуваат дека Врховниот суд на Република Македонија, постапувајќи по предлог на Апелациониот суд Штип, донесе одлука Основниот кривичен суд Скопје да биде надлежен за постапување по конкретен предмет, поради недоволен број кривични судии во судовите во Штип и Струмица. Одлуката е донесена врз основа на анализа на кадровските и техничките капацитети, како и сложеноста и јавниот интерес на предметот и во неа се нагласува потребата од искусни судии кои ќе обезбедат ефикасно, стручно и законито постапување.

Согласно обвинителниот акт, на 34 физички и три правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ им се ставаат на товар – тешки дела против општата сигурност.

Помеѓу обвинетите се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.

Поради немање доволно докази, постапката се запира за 11 лица, помеѓу кои двајца поранешни министри.

Во пожарот што се случи на 16 март годинава животот го загубија 62 лица помеѓу кои шест деца, а над 200 беа повредени.-

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најавени ригорозни мерки ако има девијантно однесување од трговците
Следна Статија Минчев: 40 проценти од административците – или ништо не работат, или бараат начин како да не дојдат на работа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кочани ни е во фокусот – ќе почнам оттаму, вели новиот министер за здравство Алиу

Министерот најави амбициозен план за реформи во здравството, во пет столбови, па доби новинарско прашање дали би отишол во Кочани…

June 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Со законски измени ќе овозможиме да се доизградат патиштата, зградите во Универзитетскиот кампус, зградата на Народна банка

Во насока на заштита на државниот капитал и државните интереси, Министерството за транспорт направи измени на Законот за градење со…

February 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Учебници ќе има по сите предмети и во основното и во средното образование

Учебници ќе има за сите ученици во основните и во средните училишта. Најголем дел од нив, 90 проценти се веќе…

August 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

АХВ уништи небезбедно месо, јајца и бои за јајца

Над илјада и двесте киограми месо, јајца, мед, ракија и маслиново масло, но и други производи уништила Агенцијата за храна…

April 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?