Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од следната година дивоградбата во Хрватска носи затвор и е кривично дело
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Од следната година дивоградбата во Хрватска носи затвор и е кривично дело
БАЛКАН

Од следната година дивоградбата во Хрватска носи затвор и е кривично дело

Објавено September 11, 2025 10:48
Сподели
Сподели

Хрватска влегува во една од најобемните промени во својата законска рамка во градежништвото и просторното планирање во последната деценија.

Се менуваат законите за градење и за просторно планирање кои треба да ја олеснат изградбата, но многу позначајно е тоа што се планира  нелегалното градење да стане кривично дело. За тоа се планирани измени на Кривичниот законик, кои, според хрватските медиуми ќе се случат следната година.

Досега  само нелегалната градба во заштитени природни подрачја беше кривично дело, казниво со 6 месеци до две години затвор. Сите други беа сведени на прекршоци и парични казни.

Министерството за просторно планирање и градежништво, како и Министерството за правда, потврдија дека секоја дивоградба ќе биде кривично дело.

– Ова е веќе договорено како дел од усвојувањето на европската директива за заштита на животната средина, која ќе се имплементира во Кривичниот законик следната година. Не би зборувал за пропишаните казни засега, но важно е сите дивоградби да бидат вклучени во Кривичниот законик и да добијат обвинение – вели  соговорник на хрватски медиум. 

Треба да се претпостави дека заради превенција, ќе бидат предложени затворски казни бидејќи казните досега не го спречиле нелегалното градење.

Директивата е исклучително строга. Таа, исто така, предвидува формирање на посебни оддели кои би се занимавале со кривични дела против животната средина.

Нелегалните градители не би можеле да се кандидираат за никаква јавна функција или да бидат назначени. Тие и нивните компании нема да можат да учествуваат на тендери и со тоа да имаат пристап до јавни пари.

Измените на  Законот за градење предвидуваат со која се поедноставува, дигитализира и забрзува издавањето градежни дозволи е во јавна консултација, но во исто време се предвидува дека пред да се издаде дозволата, службените лица мора да излезат на терен. Во случај некој да започнал да гради пред да добие дозвола, казните се 4.000 евра за помали згради, 15.000 евра за станбени згради и еден процент од вредноста на работите за други згради. Треба да се усвои до крајот на годината.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шукова: Дождот нема да го изгаси пожарот на Дрисла, имам решение на проблемот со депонијата
Следна Статија Проф. д-р Марија Срцева избрана за претседателка на Здравствениот совет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Видео: Албанија продолжува да руши дивоградби, Рама со кратка и моќна порака

Премиерот на Албанија, Еди Рама, објави ново видео во кое се гледа уривање на дивоградби во Драч, како дел од…

August 24, 2025
БАЛКАН

(Видео) Рама со остри критики за самитот за климатските промени: Што, всушност, правиме на оваа средба, луѓето таму јадат, пијат и се фотографираат

Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикува самитот за климатските промени COP 29 во Баку и се прашуваше која е…

November 13, 2024
БАЛКАН

Продолжува акцијата за уривање на дивоградбите и на албанското крајбрежје, Рама најавува нови мерки

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше со објава на социјалните мрежи, најавувајќи го почетокот на операцијата за рушење на дивоградбите на…

August 31, 2025
БАЛКАН

Хрватскиот конзул и неговата сопруга повредени во иранскиот напад врз Тел Авив

Министерот за надворешни работи на Хрватска Гордан Грлиќ Радман денеска потврди дека хрватскиот конзул и неговата сопруга се повредени во…

June 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?