Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од следната седмица нови ограничувања на Света Гора – дозволени до 300 престои месечно за странски поклоници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Од следната седмица нови ограничувања на Света Гора – дозволени до 300 престои месечно за странски поклоници
БАЛКАН

Од следната седмица нови ограничувања на Света Гора – дозволени до 300 престои месечно за странски поклоници

Објавено June 9, 2025 20:45
Сподели
Сподели

Преку циркуларно писмо од 15 мај, испратено до сите манастири, Светата заедница, информирала дека од 14 јуни на Света Гора ќе се воведат нови правила, според кои месечно се дозволени до 300 претстои на странски поклоници, а исклучок се верниците од Грција и Кипар, објавија грчките црковни медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според циркуларното писмо, новите ограничувања нема да важат за српските поклоници во манастирот Хиландар, за Бугарите во манастирот Зографу и за Русите и Украинците во манастирот Свети Пантелејмон (руски).

Порталот „Ромфеа“ пишува дека новите мерки за странските поклоници, се со цел да се зачува смирувачкиот карактер на Света Гора, по брзото зголемување на бројот на поклоници (главно Романци) во последните месеци.

На почетокот на годинава беа воведени конкретни мерки меѓу кои задолжително доставување барања за посета најмалку ден пред пристигнувањето; ограничен број поклоници во текот на месецот; посета само по одобрена покана.

Сепак, според грчките медиуми, и покрај овие мерки, бранот на поклоници сè уште се зголемува, а за тоа, како што пишува „Ромфеа“, придонесуваат многу агенции за „услуги“ на поклоници, што всушност се туристички канцеларии, кои работат во соработка со индивидуални монаси или манастири и организираат посети за поклонение по високи цени.

Дополнително, порталот пишува дека „многу претставници на Светите манастири го вклучија алармот за можно претворање на Света Гора во туристичка дестинација“.

Новите ограничувања ќе важат од 14 јуни, денот кога новата Свештената Епистасија (Надзорништво) ќе ја преземе функцијата, одлуката според циркуларното писмо е од 15 мај и не е во никој случај поврзана со земјотресот во саботата.

Според грчките медиуми, во текот на 2024 година Света Гора ја посетиле 158.000 поклоници, околу 8.000 повеќе споредбено со една година претходно, а најбројни, веднаш по Грците, биле поклониците од Романија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Супорт Кочани“: Не сакаме да бидеме дел од политичка реторика и препукувања
Следна Статија Крмзов доби 30 дена притвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Македонски државјанин го признал убиството на 45-годишна Гркинка на островот Крит

Македонски државјанин е главниот осомничен и го признал убиство на 45-годишна жена, сопственичка на станот во кој бил потстанар во…

June 21, 2026
БАЛКАН

Комеморација во Поточари за 30-годишнината од геноцидот во Сребреница

Во Меморијалниот центар Сребреница - Поточари денеска се одбележува 30-годишнината од геноцидот врз Бошњаците извршен од српските сили во јули…

July 11, 2025
БАЛКАН

Додик: Специјалци од Британија се испратени во БиХ за да ме убијат

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека војници, припадници на специјалните сили од Велика Британија биле испратени во Босна…

April 20, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Се појави нова снимка од уривањето на настрешницата во Нови Сад

По несреќата во Нови Сад во која поради уривање на надвозникот на железничката станица загинаа 14 лица, додека тројца се…

November 2, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?