Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од утре медицински тимови ќе вршат скрининг на жителите на Трубарево и околината
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Од утре медицински тимови ќе вршат скрининг на жителите на Трубарево и околината
ЗДРАВЈЕ

Од утре медицински тимови ќе вршат скрининг на жителите на Трубарево и околината

Објавено September 23, 2025 13:31
Сподели
Сподели

Министерството за здравство заедно со Универзитетската клиника за пулмологија на 24 и 25 септември организира скрининг за граѓаните коишто живеат во Трубарево и во околните места.

– Замолувам сите граѓани коишто ценат дека треба да посетат доктор, на 24 и 25 септември, да се пријават на овој скрининг. Дополнително, ако има потреба, истите граѓани ќе можат да продолжат со екземинација на клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – рече министерот за здравство Азир Алиу.

– Започнавме една убава акција, „Здравјето на граѓаните пред сѐ“. Направивме два тима кошто ќе ги посетат сите граѓани во местото Трубарево и ќе направат почетни испитувања. Во зависност од тие испитувања, ако може да се постави дијагноза или да се докаже дека нема никакво оштетување на нивните бели дробови, останува да се ревидира терапијата што ја имаат и ако има потреба тогаш ги упатуваме во нашата Клиника за пулмологија и алергологија, да може да ги продлабочиме испитувањата и по потреба да се даде соодветна терапија – вели директорот на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија Оливер Зафировски.

Пожарот во фабриката „Нула отпад“ за рециклирање електричен и електронски отпад во скопско Трубарево се случи на 13 септември.

Високо ниво на PM 10 честички, како и загаденост со арсен, кадмиум и олово, регистрира  Министерството за животна средина и просторно планирање, по спроведените мерења на квалитетот на воздухот во Трубарево.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јанковиќ: Скопјани се жртви на политички игри, дали ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП?
Следна Статија Николоски: Развој на патната мрежа и подршка за превозниците, основниот двигател на бизнисот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Алиу: Позитивната листа ќе биде ревидирана двапати годишно и ќе имаме нови лекови

Позитивната листа на лекови ќе биде ревидирана двапати годишно и ќе имаме нови лекови, најави денеска на прес-конференцијата министерот за…

September 24, 2025
ЗДРАВЈЕ

Д-р Даниловски: Колку ли глувци и стаорци се накотени досега кога ѓубрето се натрупува со месеци?

Епидемиологот Драган Даниловски реагира дека купиштата ѓубре во Скопје создале идеални услови за размножување на глувци и стаорци – познати…

October 23, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Експерти за изгореници од Израел ќе дојдат за повредените, а најкритичните се испраќаат во странство

Конзилиум работи на целиот список повредени при пожарот во дискотеката, се прави проценка дали да бидат префрлени од Кочани и…

March 16, 2025
ЗДРАВЈЕ

Успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ успешно се изведени две сложени трансплантации на коска од починати донори, со што…

June 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?