Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од 1 април му откажаа бубрезите, 40 отсто од телото му беше со изгореници, Таравари потврди дека во Литванија почина управителот на дискотеката „Пулс“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Од 1 април му откажаа бубрезите, 40 отсто од телото му беше со изгореници, Таравари потврди дека во Литванија почина управителот на дискотеката „Пулс“
МАКЕДОНИЈА

Од 1 април му откажаа бубрезите, 40 отсто од телото му беше со изгореници, Таравари потврди дека во Литванија почина управителот на дискотеката „Пулс“

Објавено April 4, 2025 11:30
Сподели
Сподели

Министерот за здравство Арбен Таравари потврди дека има уште една жртва од трагедијата во Кочани. Починатиот, кој беше на лекување во Литванија, имал 40 отсто изгореници, а на 1 април му откажале бубрезите. Според првичните информации, се работи за Александар Карадакоски, управителот на дискотеката „Пулс“. 

Овој пациент беше еден од четворицата пациенти кои беа во критична состојба. 

– Од 1 април му откажа работата на бубрезите, практично беше ставен на дијализа. За жал, утрово ја добив лошата информација дека тој починал. Да се надеваме дека другите критични да им се подобри состојбата. Пациентот што почина, 40 отсто од телото му беше со изгореници. На крајот, главниот проблем беше инфекцијата која што ја добив поради огромна површина на рани кои ги имаше на телото. Да се надеваме дека другите критични ќе поминат подобро и да ни се вратат во државата, рече Таравари.

Извори од МНР за МИА информираат дека е започната процедурата за враќање на телото на пациентот. 

Ова е 60-тата жртва од пожарот во дискотеката во Кочани што се случи рано изутрина на 16 март.

Повеќе информации се најавени на прес-конференцијата во 13:30 часот во Министерството за здравство. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пајак не сакаше да крене непрописно паркирано “службено порше“ во „Дебар Маало“ оти бил на полицаец (ВИДЕО)
Следна Статија Закерберг, Безос и Илон Макс изгубија милијарди долари поради царините на Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Два нови балкански рисови фатени на камера на Шар Планина

Две нови единки балкански рис се регистрирани со видеонадзор во Националниот парк Шар Планина, со што вкупниот број на евидентирани…

March 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Невреме со обилен дожд, ветер и силни електрични празнења, вечерва го зафати Дебарско, што услови прекин во напојувањето со елетрична…

November 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Во овој трагичен случај има мито и корупција, само сега ќе има име и презиме и одговорност

Панче Тошковски денеска рече дека лиценцата за овој клуб е фалсификат, и дека случајот е поврзан со мито и корупција.…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска – Давкова на аудиенција кај папата Лав 14 и на средба со италијанскиот претседател Матарела

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска, во рамки на посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на Денот на…

May 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?