Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од 1 јули 300 паркинг места во „Лимак“ ќе бидат за вработените во Клиничкиот центар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Од 1 јули 300 паркинг места во „Лимак“ ќе бидат за вработените во Клиничкиот центар
МАКЕДОНИЈА

Од 1 јули 300 паркинг места во „Лимак“ ќе бидат за вработените во Клиничкиот центар

Објавено June 22, 2025 20:25
Сподели
Сподели

Министерството за здравство обезбедило 300 паркинг места во комплексот Лимак за вработените во Клиничкиот центар. Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција изјави дека на овој начин се одговара на еден од најгорливите проблеми и секојдневниот хаос со паркирањето во овој најголем здравствен комплекс во државата.

Во услови кога над 6.000 луѓе секој ден минуваат низ комплексот Мајка Тереза во Скопје, а повеќе од 2.500 се вработени, прашањето на паркирањето не може да биде оставено на импровизации. Министерството за здравство потпиша Меморандум за соработка со компанијата Лимак со што се обезбедува паркинг простор за 300 возила наменет за вработените во здравствените установи во Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје кои ќе имаат пристап од 24 часа, соопшти денеска на прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу.

Од 1 јули овој паркинг простор ќе биде ставен во функција и достапен 24 часа и се наоѓа на приближно пет минути пешачење од која било клиника. Во Лимак ќе има табли и ќе се знае кои катови ќе бидат наменети за Министерството за здравство.

Со пренасочување на возилата на вработените надвор од срцето на кампусот го ослободуваме најблискиот простор за пациентите. Граѓаните нема да мораат да решаваат сообраќајни проблеми и да губат нерви за наоѓање паркинг, рече министерот.

Како што кажа, вработените ќе бидат информирани за можноста за паркирање.

Алиу рече дека започнува и системско решавање на проблемот, дека ќе се мапира целиот простор и кога има најмногу потреба за паркинг.

Во моментов, според министерот има мапирано 700 места за паркирање а дневно има 2.500 возила.

Информира дека во тек е поставување на информативни дигитални табли на влезовите во Клиничкиот центар како и на клучните точки во комплексот преку кои граѓаните полесно ќе ги наоѓаат клиниките и здравствените институции каде што треба да одат. Алиу најави и апликација која што ќе насочува кон потребната точка. Ќе се разгледува можноста таа да се направи бесплатно.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со ѕидот што се урна кај Детската клиника, Алиу рече дека процедурата е веќе почната, како и дека ќе има повлекување од еден метар и половина за да може патот над Клиниката да биде проширен.

Во однос на проблемот со клиничката Перална, кажа дека во моментов се анализира состојбата и дека за кратко време ќе се изнајде решение.

Знаете дека институцијата е подолг период во финансиска криза, но исто така мора да најдеме начин и процеси за да се исплатат бараните сервиси кои таа институција ги нуди. Малку е покомплексен проблемот. Заедно со Владата, директорот на институцијата и со мене како министер за здравство ценам дека брзо ќе најеме решение како институцијата да се ослободи од таков тип на финансиски притисоци, рече Алиу.

Наредната недела тој има состанок и со претставниците на компанијата која стопанисува со Клиничката перална.

Министерот за здравство на прес-конференцијата соопшти дека мора да се направи нова методологија и анализа за потребите на здравството и на пациентите врз основа на понови податоци поврзани со демографијата, нови болести, потреби на пациентите, на здравствените установи за вработени. Исто така тој смета дека има потреба од поголема транспаретност односно добивање информации во реално време преку веб страната на Министерството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: За една година покачивме пензии и плати, развојот е возможен и на дофат
Следна Статија (Видео) Оклахома ја освои НБА лигата – Шеј е МВП, Халибартон тешко се повреди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Охрид СОС: Мијалков без никаков проблем си гради хотел над Охридското Езеро

Сашо Мијалков си присвои државно земјиште на една од најатрактивните локации во Охрид, веднаш над езерото. Овој проект никогаш не…

March 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Тошковски се огласи за бегството на Груби: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран!

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку видео порака се обрати на СДСМ по повод бегството на Артан Груби. Тој…

December 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Агелер за Груби: Ако немаш што да криеш, тогаш врати се и докажи го тоа

Американската амбасадорка Анџела Агелер изјави дека е задоволна што поранешниот вицепремиер Артан Груби е на црната листа на САД.  Таа…

January 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Нова снимка од пожарот во Кочани: „Излегувај, се запали Пулс“

Нова снимка од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се појави на социјалните мрежи. На видеото може да се забележат…

March 27, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?