Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од 5 јули побрзо поминување граница со Србија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Од 5 јули побрзо поминување граница со Србија
МАКЕДОНИЈА

Од 5 јули побрзо поминување граница со Србија

Објавено June 25, 2025 19:02
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска најави дека на 5 јули се очекува официјално да биде пуштен во употреба системот „уан стоп шоп“ со Србија. Вчера помина завршната ратификација на договорот и во тек е фазата на тестирање на системот.

Во рамки на вчерашниот ден помина завршната ратификација на договорот кој што претходно го потпишавме со мојот колега Ивица Дачиќ. Се надевам дека на 5-ти наредниот месец, ќе имаме официјално пуштање во функција на „уан стоп шоп“ систем со Србија, каде што со негова правилна употреба ќе дојдеме до многу побрз трансфер на граѓани и на таа граница. Ова е моментално најфрекфентниот граничен премин и ќе има олеснување од аспект на брзина на проток на луѓе, рече Тошковски за време на посетата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, одговорајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека ќе имплементираат систем каков што доликува во вистинската смисла на зборот. Системот „уан стоп шоп“ е веќе пуштен во функција со Косово.

Едноставно кажано, ние го штитиме нашиот влез, а полициски службеници од Србија ќе го штитам влезот во Србија, со тоа што ќе ги разменуваме информациите многу брзо. Драго ми е што со мојот колега за внатрешни работи од Косово го пуштивме во функција „уан стоп шоп“ навистина како што треба да функционира на двата гранични премини кои што ги имаме со Косово, рече Тошковски.

Според Тошковски, се покажа дека ваквиот пристап кон решавање на проблемите за граѓаните е функционален, односно гужвите на граница кои што ги имало до пред месец дена, во Косово, веќе ги нема. Како што рече, многу побргу оди трансферот на нашите граѓани.

Секој од државите си го штити својот влез. Притоа воспоставивме една комуникација преку дигитални алатки, која што е навистина на високо ниво, со што го намаливме времето потребно за проверки и системот функционира така како што очекувавме. Успеавме да имплементираме современ граничен пристап и гранична контрола, додаде министерот.

Тој најави дека следната држава со која ќе воведеме „уан стоп шоп“ е Република Албанија.

Интензивно работиме и со полициските службеници од Албанија, на два гранични премини кои ги имаме со Албанија и се планира да се имплементира ваков паметен систем, со тоа што се надевам дека до крајот на летниот период ќе почнеме со тест фаза. Овде ќе зависи многу и формалното усвојување на акти во рамки на македонското Собрание и албанското Собрание и се надевам дека најбрзо што може би го ставиле во функција и со Албанија. Со ова би ги заокружиле трите наши соседи кои не се дел од ЕУ, со ваков еден ваков паметен и побрз систем со контрола на нашите граници, рече Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судскиот процес за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ ќе се води во Основен кривичен суд Скопје
Следна Статија Животот ќе им се промени на овие три хороскопски знаци во јули

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Муртезани: Да не инсистираме само на едно решение со Бугарија, туку да продолжиме да ги браниме нашите позиции

Мое лично мислење и впечаток од сите мои досегашни состаноци е дека не е добро да инсистираме само на едно…

December 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Филипче да се огради од изјавата на Фрчкоски дека Македонците се народ со три пива пред гранап

СДС и Филипче не се оградија од ставот на Фрчкоски дека Македонците ништо не направиле за својата држава.Тој го навреди…

July 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пратениците итно да именуваат директор на Агенцијата за слободен пристап до јавни информации, бараат граѓански организации

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата ги повикува пратениците во Собранието итно да именуваат директор и заменик-директор на…

January 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Учениците на зимски распуст, второто полугодие од 20 јануари

За учениците во основните и средните училишта почнува зимскиот распуст од учебната 2024-2025 година. Наставата од второто полугодие ќе продолжи…

December 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?