Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ОКТА доделува стипендии за постдипломски студии на УКИМ и во странство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > ОКТА доделува стипендии за постдипломски студии на УКИМ и во странство
Blog

ОКТА доделува стипендии за постдипломски студии на УКИМ и во странство

Објавено April 7, 2025 18:38
Сподели
Сподели

ОКТА АД – Скопје, и оваа година продолжува со поддршка на талентираните студенти преку доделување стипендии за постдипломски студии за академската 2025/2026 година.

Во рамките на заедничката платформа на Групацијата HELLENiQ ENERGY, на која што компанијата и припаѓа, ќе бидат доделени две стипендии за редовни постдипломски студии со максимално времетраење од две години. Меѓународната стипендија нуди можност за аплицирање на универзитети во една од следните земји: Грција, Германија, Италија, Белгија, Швајцарија, Норвешка, Холандија, Данска и Англија. Втората стипендија, која се однесува на студии на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, опфаќа повеќе насоки на Градежниот, Машинскиот, Факултетот за електротехника и информатички технологии или на Технолошко-металуршкиот факултет.

Право на аплицирање имаат дипломирани студенти или студенти во последна година на прв циклус студии, на возраст до 30 години (или до 32 со релевантно професионално искуство), со просек 8/10 и со упис или писмо за прифаќање на постдипломска програма од Универзитетите од странство.

„Нашата заложба за поддршка на образованието и поттикнување на следната генерација лидери е суштината на нашите вредности. Со оваа програма за стипендирање, имаме за цел да придонесеме во развојот на талентирани поединци кои можат да поттикнат иновации и извонредност во нивните области. Веруваме дека инвестирањето во образованието е долгорочна инвестиција во иднината на нашата индустрија и општеството во целина“, изјави Димитри Пасхос, Главен извршен директор на ОКТА АД – Скопје.

За условите на конкурсот и за начинот на аплицирање заинтересираните можат да добијат повеќе информации на https://scholarships.helleniqenergy.gr/rnm. Крајниот рок за пријавување е 18 мај 2025 година.

Стипендиите се доделуваат во рамки на долгорочната заложба на ОКТА за поддршка на образованието, што пак е еден од главните столбови на стратегијата на компанијата за општествена одговорност. Како дел од оваа иницијатива, и во соработка со УКИМ, ОКТА досега има доделено 42 стипендии за втор циклус на студии, а повеќе од 100 студенти имале можност за практична работа во компанијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Расчистено е убиството во кривопаланечко Луке
Следна Статија (ВИДЕО) Како да запалам свеќа и да ѝ речам да биде задоволна со две години затвор за убиецот?, праша сестрата на загинатата Теодора

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Дневен хороскоп за Овен – понеделник, 27 јануари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денот е пун со енергија идеална за фокусирање на личниот раст и инспирација. Како роден…

January 27, 2025
Blog

(ВИДЕО) Погледнете како Германците го поместија мостот од 40.000 тони точно до милиметар

На автопатот А45 во близина на Вилнсдорф во Германија, сегмент од мост со тежина од 40.000 тони беше успешно поместен…

June 9, 2025
Blog

На Гренланд почна бојкот на американски стоки

Граѓаните на Гренланд почнаа да бојкотираат американска стока во знак на протест против најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека…

March 20, 2025
Blog

Од PayPal до SpaceX: Како Илон Маск ја изгради својата империја

Продажбата на PayPal на eBay во 2002 година за 1,5 милијарди долари означи пресврт во кариерата на Илон Маск –…

January 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?