Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан: Мировен договор ќе има дури кога Украина ќе се откаже од членството во НАТО
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Орбан: Мировен договор ќе има дури кога Украина ќе се откаже од членството во НАТО
СВЕТ

Орбан: Мировен договор ќе има дури кога Украина ќе се откаже од членството во НАТО

Објавено August 4, 2025 18:49
Сподели
Сподели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повторно ја истакна својата позиција дека војната во Украина ќе заврши само кога Киев и Западот ќе ја прифатат реалноста – Украина никогаш нема да стане членка на НАТО.

Во обраќање на младински фестивал во Естергом, Орбан изјави дека единствениот пат кон мир е преку дипломатија и итен прекин на непријателствата, став што Унгарија го застапува уште од почетокот на ескалацијата на конфликтот во 2022 година.

– Мирот ќе настапи кога и Европејците и Украинците ќе ја прифатат непобитната геополитичка реалност: Русија никогаш нема да дозволи НАТО да се прошири до нејзините западни граници преку Украина – рече Орбан.

Будимпешта од почетокот на конфликтот доследно се спротивставува на украинската кандидатура за НАТО, предупредувајќи дека тоа би значело директен ризик од поширока европска војна. Унгарија, за разлика од другите земји членки на ЕУ и НАТО, не испраќа воена помош на Киев и постојано повикува на мировни преговори.

Москва, пак, континуирано укажува дека украинската аспирација за членство во НАТО претставува егзистенцијална закана. Кремљ повеќепати има истакнато дека токму оваа амбиција на Киев е една од главните причини за започнување на воената операција, нагласувајќи дека проширувањето на НАТО кон исток претставува „црвена линија“ за Русија.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поранешната девојка со тажна објава се прости со прерано починатиот Душко Чифлиганец
Следна Статија Земјотрес во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Најмалку еден загинат при експлозија во продавница за играчки во Москва (ВИДЕО)

Најмалку едно лице загина во експлозија на плинска боца во една од најпознатите продавници за играчки во Москва, објавија руските…

August 24, 2025
СВЕТ

САД почнуваат со депортација на Украинци

Царинската и граничната заштита на САД објави дека започнала со депортација на украински државјани од Соединетите Американски Држави, објавувајќи фотографии…

August 19, 2025
СВЕТ

Една недела до изборите, мртва трка меѓу Харис и Трамп: „Ова е како фрлање паричка“

Камала Харис и Доналд Трамп влегуваат во последната недела од најдраматичната и најполаризирачка трка за Белата куќа во модерната историја.…

October 29, 2024
СВЕТ

Доаѓа снежна бура со интензивни временски услови!

Во новата прогноза, Severe Weather Europe (SWE) предупредува на претстојна зимска бура и интензивни временски услови кои ќе се почувствуваат…

November 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?