Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан против новиот буџет на ЕУ ако не се одмрзнат милијарди за Унгарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Орбан против новиот буџет на ЕУ ако не се одмрзнат милијарди за Унгарија
СВЕТ

Орбан против новиот буџет на ЕУ ако не се одмрзнат милијарди за Унгарија

Објавено July 26, 2025 19:57
Сподели
Сподели

Унгарската влада нема да го поддржи седумгодишниот буџет на ЕУ се додека Брисел не ги деблокира сите суспендирани европски средства, изјави премиерот Виктор Орбан.
„Усвојувањето на нов седумгодишен буџет бара едногласно одобрување и се додека не ги добиеме преостанатите (замрзнати) средства, нема да има нов буџет“, рече Орбан на универзитетот во романскиот град Баиле Туснад.

Европската комисија неодамна предложи буџет за периодот од 2028 до 2034 година од два трилиони евра, со акцент на одбраната и конкурентноста на економијата.

„Овој буџет би ја уништил Европската унија. Не верувам дека ваков вид буџет ќе преживее до следната година“, рече Орбан во изјава за унгарското радио Кошут.

Денеска, тој ја критикуваше и ЕУ за поддршката на Украина и го обвини Брисел дека сака да инсталира „проукраинска и пробриселска влада“ во Унгарија на изборите следната година.

Тој оцени дека сегашното раководство на ЕУ го води блокот во насока на трговска војна во која Европа „не може да ја добие“.

Тој повторно ги обвини „глобалистичките бирократи“ дека сакаат да извлечат пари од Европа за Украина, наведувајќи дека буџетот за новиот седумгодишен период предвидува и отворени и скриени средства за процесот на пристапување на Украина во ЕУ, иако се уште не е донесена официјална одлука за нејзиното членство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Разговарав со лидерите на Камбоџа и Тајланд, обете земји сакаат прекин на огнот
Следна Статија Виктор Ѓокереш официјално нов играч на Арсенал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Патниците во САД ќе мора да платат нова такса од 250 долари

Посетителите на Соединетите Американски Држави во иднина ќе мора да платат таканаречена „такса за интегритет на визата“, според одредба во…

July 18, 2025
СВЕТ

Трамп ги избра државниот секретар, секретарот за правда и шефот на разузнавачката служба

Републиканскиот сенатор Марко Рубио нов државен секретар, претставникот Мет Гаец секретар за правда и Тулси Габард шеф на разузнавачката заедница…

November 14, 2024
СВЕТ

Трамп го избра Шон Каран за нов директор на Тајната служба

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го избрал Шон Каран за нов директор на американската тајна служба. Каран беше дел…

January 23, 2025
СВЕТ

Фицо: Зеленски ми понуди 500 милиони евра за поддршка на Украина во НАТО

Словачкиот премиер Роберт Фицо го обвини украинскиот лидер Володимир Зеленски дека се обидел да го поткупи со 500 милиони евра…

December 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?