Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан: Украина планира да го дестабилизира енергетскиот систем на Унгарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Орбан: Украина планира да го дестабилизира енергетскиот систем на Унгарија
СВЕТ

Орбан: Украина планира да го дестабилизира енергетскиот систем на Унгарија

Објавено February 25, 2026 17:56
Сподели
Сподели

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска ја обвини Украина дека планира да го дестабилизира унгарскиот енергетски систем и нареди распоредување на војници и опрема за заштита на критичната инфраструктура.

Тој во видео објавено на Фејсбук повтори дека затворањето на нафтоводот „Дружба“ е од „политички, а не технички причини“, потенцирајќи оти разузнавачките извештаи укажуваат на можно понатамошно нарушување на енергетскиот систем на Унгарија.

– Гледам дека Украина подготвува понатамошни акции за нарушување на функционирањето на унгарскиот енергетски систем. Затоа наредив зајакнување на заштитата на критичната енергетска инфраструктура. Ова значи дека ќе распоредиме војници и опрема потребни за одбивање на напади во близина на клучните енергетски објекти – наведе Орбан.

Унгарија и Словачка добиваат нафта преку нафтоводот „Дружба“, чиј јужен крак поминува низ Украина. Киев на почетокот на месецот соопшти дека ги прекинала испораките на нафта преку „Дружба“, по рускиот напад врз нафтоводот на 27 јануари.

Унгарија пред два дена го блокира новиот пакет санкции на Европска Унија против Русија како одговор на прекинот на испорака на руска нафта.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Европската комисија предложи преговори со Западен Балкан за укинување на роамингот, вклучена и Македонија
Следна Статија МВР ТРЕБА ПОАГРЕСИВНО ДА ПРЕДУПРЕДУВА: Пензионер измамен за 10.000 евра за лажна операција на внуката

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Почина Хозе Мухика, поранешен претседател на Уругвај кој платата ја делеше на сиромашните и возеше стар фолксваген „буба“

Почина поранешниот претседател на Уругвај, Хозе „Пепе“ Мухика (89), култна фигура поради неговиот скромен начин на живот, откако ја загуби…

May 14, 2025
СВЕТ

Блумберг: Средба Трамп – Путин може да има веќе идната недела

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин можат да одржат лидерска средба веќе идната недела, соопшти денеска…

February 18, 2025
СВЕТ

Вработен во „ЧатГПТ“ пронајден мртов во стан откако ја критикувал компанијата

Сучир Балаџи (26), кој работи во американската истражувачка организација за вештачка интелигенција „OpenAI“, кој повеќе пати јавно ги критикуваше нивните…

December 15, 2024
СВЕТ

Америка официјално ја напушта Светската здравствена организација

Трамп веќе предупреди дека Америка ќе ја напушти организацијата, која ја обвинува за слаб одговор на пандемијата на коронавирус и…

January 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?