Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан: Унгарија нема да испраќа пари и оружје во Украина и нема да учествува во воениот заем на ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Орбан: Унгарија нема да испраќа пари и оружје во Украина и нема да учествува во воениот заем на ЕУ
СВЕТ

Орбан: Унгарија нема да испраќа пари и оружје во Украина и нема да учествува во воениот заем на ЕУ

Објавено December 15, 2025 17:50
Сподели
Сподели

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан пред почетокот на седницата на Комитетот за европски прашања во Парламентот во Будимпешта на Фејсбук (Facebook) објави дека се подготвува за претстојниот Самит на Европската Унија во Брисел.

– Влогот е едноставен: војна или мир. Никогаш не сме биле толку блиску до решавање на руско-украинската војна. Европа е на прагот на огромна можност: САД наскоро може да ја завршат војната што ние Европејците не можевме да ја решиме четири години. Не можеме ништо друго освен да ги поддржиме, истакна Орбан.

Според него, Европа ќе ја продолжи војната на бојното поле и „ќе ја интензивира во економската сфера со конфискација на замрзнат руски имот“. Орбан истакна дека тоа е „еквивалентен на отворена објава на војна и руската страна ќе возврати“.

– Немаме причина да ја менуваме унгарската позиција. Војната не може да се одлучи на фронтовската линија. Мора да го направиме она што го прави американскиот претседател Трамп: да преговараме, посочи Орбан.

Тој потенцира дека „Унгарија нема да ја поддржи конфискацијата на замрзнатите руски средства, нема да испраќа пари или оружје во Украина и нема да учествува во воениот заем на ЕУ“.

Според Орбан следува „турбулентна недела“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Нема никаква врска дека ќе се населуваат мигранти, ова е тема измислена од СДСМ
Следна Статија Мицкоски: Пари во буџетот има, правните субјекти да бидат поодговорни во испраќањето на налози

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Илјадници Авганистанци тајно се преселиле во Велика Британија, операцијата досега чинела 468 милиони евра

Илјадници Авганистанци се преселиле во Велика Британија како дел од тајна шема воспоставена откако нивните лични податоци „протекоа“ во јавноста…

July 16, 2025
СВЕТ

Макрон: Останувам до крај на мандатот, деновиве ќе именувам нов премиер

Францускиот претседател Емануел Макрон, во вечерашното обраќање до нацијата, се заблагодари на премиерот Мишел Барние, кој денеска поднесе оставка, за…

December 5, 2024
СВЕТ

Трамп и Стармер разговараат по вонредни денови

Лидерите разговараат телефонски по брз меѓународен ангажман на администрацијата на Трамп, пишува политичкиот уредник на ВВС.

January 9, 2026
СВЕТ

Сопругата на Асад побара развод, не сака да живее во Москва

Сопругата на соборениот сириски претседател Башар ал Асад, Асма ал Асад, поднесе барање за развод откако во Москва изрази незадоволство…

December 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?