Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан: Финансирањето на Украина не е работа на Унгарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Орбан: Финансирањето на Украина не е работа на Унгарија
СВЕТ

Орбан: Финансирањето на Украина не е работа на Унгарија

Објавено November 3, 2025 15:35
Сподели
Сподели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека, според јавните проценки, на Украина ѝ се потребни 400 милијарди американски долари за да ја продолжи војната со Русија во следните четири години и дека се очекува Европската Унија да ја плати сметката, но истакна дека „не е работа на Унгарија да ја финансира Украина“, иако неговата земја е членка на ЕУ.

Орбан рече дека, освен ЕУ, нема никој друг кој е подготвен да ја плати сметката, пренесе МТИ.

– Затоа Брисел е толку вознемирен. Затоа сакаат да запленат замрзнати руски средства, да го ревидираат системот за финансирање на ЕУ и да земат нови заеми. Ние го отфрламе тоа. Не е работа на Унгарија да ја финансира Украина. Немаме причина за тоа, ниту политички, ниту економски, ниту морално. Не сме сами во Европа, но зборуваме најотворено. Затоа Брисел постојано нè напаѓа – рече Орбан.

Тој рече, користејќи германски израз, дека ЕУ сака „јавол (jawohl) влада“, односно влада која само ќе кажува „разбирам“.

– Тие сакаат „јавол влада“, со Канцеларија на европскиот јавен обвинител, економска политика што е во согласност со ЕУ, експерти одобрени од Брисел и премиер што можат да го контролираат – рече Орбан.

Унгарскиот премиер најави дека неговата влада во следните четири години ќе ги поддржува унгарските семејства, бизниси и пензионери, во чии рамки ќе се воведе ослободување од данок за мајките со две или три деца, а ќе се врати 14-тата пензија.

– Не можеме да дозволиме унгарски пари да се испраќаат во Украина – заклучи Орбан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гувернерот Славески: Штедењето е системска неопходност за одржлив раст и стабилност
Следна Статија Загинатиот велосипедист е Јорго Ќуќа поранешен директор на Охис

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп: Русите ја бомбардираат Украина како луди

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа во Белата куќа повторно го изрази своето незадоволство од продолжувањето на руското бомбардирање во Украина.…

April 8, 2025
СВЕТ

(Видео) Неколку лица, меѓу кои и полицаец, избодени во напад во Холандија

Неколку лица се повредени во напад што се случи утрово во Холандија, објавија медиумите. Итните служби интервенираа кратко пред 6…

May 21, 2025
СВЕТ

Трамп: Вoјната со Иран е добиена

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска разговараше со новинарите во Овалната соба за војната во Иран, јави Би-би-си. Медиумот забележува дека…

March 24, 2026
СВЕТ

Индонезиски авион со 11 лица исчезна од радарот, се верува дека се урнал и експлодирал

Индонезиски авион ATR 400 со 11 лица, на пат од Јогјакарта до Макасар, изгубил контакт во близина на регентството Марос…

January 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?