Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски како првопласиран, со добиени 39,43 проценти од гласовите и претенднтот на Левица Амар Мециновиќ кој има 13,20 проценти одат во вториот круг за избор на градоначалник на Скопје.
Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица се прво и второпласирани и во трката за советници во Советот на Град Скопје.
Кандидатката на СДСМ Каја Шукова доби 11,50 проценти од гласовите. Kандидатите на ВРЕДИ Башким Бакиу освои 12 отсто, а НАИ Скендер Реџепи 11,22.
Ова се резултатит од преброени 99,92 проценти од гласовите во главниот град.
Вториот круг на локалните избори ќе се одржи на 2 ноември.