Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орце Ѓорѓиевски: Нови идеи од Љубљана за подобрување на Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Орце Ѓорѓиевски: Нови идеи од Љубљана за подобрување на Скопје
МАКЕДОНИЈА

Орце Ѓорѓиевски: Нови идеи од Љубљана за подобрување на Скопје

Објавено August 29, 2025 13:35
Сподели
Сподели

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, престојува во официјална посета на Љубљана заедно со својот тим, каде што оствари повеќе средби посветени на иднината на главниот град.

Ѓорѓиевски се сретна со долгогодишниот градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ, со кого разговарал за конкретни чекори и искуства кои би можеле да се применат во процесот на обновата на Скопје.

Во рамки на посетата, делегацијата ја посети и компанијата за јавен превоз. „Од средбата со менаџерскиот тим добивме многу искуства и знаења, а тие се подготвени да испратат експертски тимови кои ќе помогнат во решавањето на еден од најгорливите проблеми во нашиот град, јавниот транспорт,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој ја посети и современата фабрика за преработка на комунален отпад, која собира отпад од 46 општини во Словенија и функционира со поддршка на Европската унија. Таму, според Ѓорѓиевски, било добиено ветување за соработка и поддршка во решавањето на проблемот со јавната чистота во Скопје.

„Љубљана е доказ дека со јасна визија, ред и посветеност може да се создаде град кој е чист, достоинствен и пријатен за живот. Се враќаме со нови идеи, искуства и силна мотивација – да го направиме и нашето Скопје град со кој ќе се гордееме,“ порача Ѓорѓиевски.

Посетата заврши со уверување дека јавната чистота и функционалниот градски превоз ќе бидат меѓу врвните приоритети на неговата програма за иднината на Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Двајца локални „супер херои“ од Дојран веќе три недели сами го чистат каналот на Ѓавато
Следна Статија Мицкоски: Почнуваме со проектот за третата фаза од пругата кон Бугарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Инспекторите се на терен, во сите поголеми супермаркети, вели Мицкоски, обврска ни е да го штитиме стандардот на граѓаните

Сите институции се излезени на терен, и се наоѓаат во сите поголеми супермаркети, ова денеска го изјави на новинарско прашање…

February 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: ЕУ во континуитет покажува неправедност кон нас

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска уште еднаш повтори дека земјава е недвосмислено определена да продолжи по евроинтеграцискиот…

October 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Тензии во Комисијата за социјална политика за измените на законот за пензиско

Во тензична атмосфера и денеска помина седницата на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, на чиј дневен ред имаше…

March 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е најкраткиот ден во 2024 година

Денеска, 21 декември 2024 година, во 22 часот и 27 минути, настапува зимската краткоденица, која го означува почетокот на календарската…

December 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?