Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Османи тврди дека напролет ќе има предвремени парламентарни избор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Османи тврди дека напролет ќе има предвремени парламентарни избор
ПОЛИТИКА

Османи тврди дека напролет ќе има предвремени парламентарни избор

Објавено October 9, 2025 16:00
Сподели
Сподели

Предвремени парламентарни избори ќе има во март или април следната година – изјави кандидатот за градоначалник на Чаир од редовите на ДУИ, Бујар Османи, коментирајќи ја изјавата на премиерот Христијан Мицкоски кој вчера рече дека не ја исклучува можноста по локалните да има предвремени избори за пратеници.

Според Османи, изјавата на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ само го потврдува она што ДУИ и другите опозициски партии го укажувале со месеци – дека актуелната влада е нестабилна и неодржлива.

„Се разбира дека на премиерот веројатно му требаа дополнителни аргументи, коишто сега ги гледа на терен, во односот на тоа што се случува. Ситуацијата е неодржлива, и затоа веќе почна и тој да го спрема теренот. Тоа е всушност тоа што го кажувам јас и ние од почетокот, дека ќе има предвремени парламентарни избори. Ова го кажувам најаргументирано, врз основа на сите разговори и договори што ги има на политичката сцена“,изјави Османи.

Додаде дека изборите ќе бидат можност да се избере нова влада со јасен европски и економски фокус.

„Јас ви тврдам дека предвремени парламентарни избори ќе има во март–април и ќе има нова влада која ќе го откочи европскиот процес, ќе го врати соживотот и економскиот просперитет на земјата“,додаде кандидатот за градоначалник на Чаир од редовите на ДУИ.

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера изјави дека по очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на годинашните локални избори, логично е да се оди и на предвремени парламентарни избори за да се обезбеди уште еден четиригодишен мандат. Но, како што рече, за таа одлука нема да биде водена од политичкиот, туку од интересот на државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Детали за акцијата: Уапсени вкупно 6 лица за криминал во РЕК Битола
Следна Статија Отфрлена тужбата на Левица против АВМУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Кузеска: МВР се сведе на тоа да не може ниту еден џип неправилно паркиран да санкционира

Со Панче Тошковски на чело на МВР хаос се случува по македонските улици, безбедноста е загрозена, нема никаков ред и…

April 5, 2025
ПОЛИТИКА

ЗНАМ: Герасимовски зад себе остави хаос, безредие и дивоградби

Градоначалникот на СДСМ од Центар, Горан Герасимовски, човекот кој сака да се претстави како чесен, скромен, невин и наивен градоначалник,…

October 3, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: ВМРО од Македонија прават слепо црево на Балканот, црна точка на Европа

„После изјавата на Мицкоски дека за ЕУ „ќе чекаме децении“ денеска им порача на граѓаните дека треба „да ја платиме…

May 26, 2026
ПОЛИТИКА

Таравари: Одиме со посебни советнички листи и од тоа нема враќање назад

Засега имаме сигурна одлука дека одиме со посебни советнички листи и тоа е одлука на партијата. Од тоа нема враќање…

April 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?