Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Осми „Марш за ангелите“ во Кочани: Солзи, болка и револт
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Осми „Марш за ангелите“ во Кочани: Солзи, болка и револт
ХРОНИКА

Осми „Марш за ангелите“ во Кочани: Солзи, болка и револт

Објавено May 31, 2025 17:12
Сподели
Сподели

Семејствата на починатите во пожарот во Кочани, денеска со почеток од 16 часот и 5 минути ќе го одржат осмиот „Марш за ангелите“.

Маршот ќе се реализира на вообичаената маршрута во Кочани, односно од Паркот на Револуцијата, низ Трговскиот центар до пред Општина Кочани, а оттаму кон Полициската станица, Основниот суд и Обвинителството во Кочани.

Во пишаното известување од семејствата на починатите стои дека маршот истовремено ќе биде посветен и за поддршка на повредените лица во трагедијата, поради што ги повикуваат нивните блиски роднини и пријатели да се придружат.

– Наша цел е јавноста да знае дека за правдата на нашите деца ќе се бориме до крај. Нема да застанеме ниту за момент, стои во известувањето.

Организаторите ги покануваат сите граѓани од источниот регион, но и од целата држава кои даваат поддршка на нивните барања, да им се придружат, додека медиумите слободно да го проследат настанот.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март загинаа 63 лица, а околу 200 беа повредени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше со литургија по повод 1700 години од Првиот вселенски собор
Следна Статија (ВИДЕО) Обвинувања од СДСМ: Кој го штити разрешениот началник на СВР Штип

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Осомничен за демнење и насилство врз жена во Велес

Постапувајќи по поднесена кривична пријава од МВР, Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 59-годишен велешанец, осомничен за кривично дело…

September 20, 2025
ХРОНИКА

Маж пронајден починат во Ѓорче Петров

На 22.01.2026 во 08:37 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје…

January 23, 2026
ХРОНИКА

Изгаснат пожарот во фабриката за муниција Самоков

Изгаснат е пожарот кој избувна синоќа во фабриката за муниција и оружје „Сувенир“ во населбата Самоков, во близина на Македонски…

July 6, 2025
ХРОНИКА

Велибор Манев во детали објасни како се случило грабнувањето на Жежовски: Палевски му испука куршум во слепоочницата на Панче!

Во Кривичниот суд продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски со распит на обвинетите. Прв на листата…

March 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?