Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Осомничениот сериски убиец од Старо Нагоричане ќе оди на психијатриска проценка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Осомничениот сериски убиец од Старо Нагоричане ќе оди на психијатриска проценка
ХРОНИКА

Осомничениот сериски убиец од Старо Нагоричане ќе оди на психијатриска проценка

Објавено February 25, 2026 18:31
Сподели
фото: Телма
Сподели

Јавното обвинителство на Република Македонија информира дека истрагата за убиството во општина Старо Нагоричане е во тек. Основното јавно обвинителство Куманово, заедно со надлежните институции, спроведува активности за прибирање докази со цел целосно расветлување на случајот. Засега, обдукцискиот извештај не е доставен до обвинителството, а во наредните денови осомничениот ќе биде подложен на психијатриска проценка од тим експерти.

-Основното јавно обвинителство Куманово и сите надлежни институции и органи преземаат огромен број дејствија за обезбедување докази за целосно расчистување на овие настани. Осомничениот е обезбеден и во следните денови ќе следи негова психијатриска проценка од тим на експерти. До овој момент вештиот наод од извршената обдукција на ексхумираното тело не е доставен до јавниот обвинител. Во текот на оваа сложена постапка се вршат распити на лица, а ќе бидат обезбедени и сите други потребни докази за целосно расчистување на случаите, но во оваа фаза од постапката во интерес на истрагата не може да се споделуваат повеќе детали – соопштија од ЈОРСМ, пренесе МИА.

Според полицијата, на 12 февруари осомничениот Т.Б. (25) од село Малотино влегол во домот на 78-годишната М.С. во село Драгоманце, ја нападнал и ја задушил со перница, по што таа починала на местото. Тој е лишен од слобода и се сомничи за кривично дело убиство по член 123 од Кривичниот законик.

Жителите на општината Старо Нагоричане живеат во страв и неизвесност по апсењето. Дел од семејствата ги префрлиле своите постари родители од селата, а останатите изразуваат загриженост за личната безбедност. Осомничениот бил познат во средината како мирен и повлечен, се движел со велосипед и чувал добиток.

Психијатарот д-р Ана Мадиќ Костовски од Кумановската општа болница нагласува дека е потребна групна поддршка за жителите за да се надмине стравот и стигмата околу барањето психолошка помош. Таа додава дека без психолошки тестирања и вештачења не може да се даде дијагноза за осомничениот, но посочува дека изборот на жртви, повозрасни и физички послаби жени, може да укажува на антисоцијално однесување, потреба за контрола или други психолошки проблеми.

Психијатрите препорачуваат семејствата на жртвите да побараат лекарска помош доколку почувствуваат симптоми на посттрауматски стрес, како несоница, главоболки или срцебиење. Од Центарот за социјални работи Куманово информираат дека осомничениот не бил корисник на никакви социјални права.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР ТРЕБА ПОАГРЕСИВНО ДА ПРЕДУПРЕДУВА: Пензионер измамен за 10.000 евра за лажна операција на внуката
Следна Статија (ВИДЕО) Погледнете во засолништето на наркобосот Ел Менчо, каде што бил убиен од мексиканската полиција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Нова голема акција на МВР, претреси во Скопје, Битола, Неготино, Дојран и Гевгелија против криумчарење луксузни автомобили од странство

Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Македонија утрово спроведуваат нова голем акција, се вршат претреси на повеќе локации во…

December 29, 2024
ХРОНИКА

Лишен од слобода возач од кратовско, управувал возило со 3,19 промили алкохол во организмот

На 26.01.2026 во 23:07 часот во Кратово, полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода С.С.(38) од с.Татомир, кратовско.…

January 27, 2026
ХРОНИКА

Мобилен телефон пронајден во келијата на сопственикот на „Пулс“

Во келијата на првообвинетиот Дејан Јованов, сопственик на дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде на 16 март годинава избувна пожар во…

December 29, 2025
ХРОНИКА

Не ја турнал од балконот, но ја навел на трагичен исход: Обвинителството бара максимална казна за Стојанче Јовановски

Обвинителката Адела Бојчевиќ во завршните зборови побара максимална казна за Стојане Јовановски, кој се товари за три кривични дела поврзани…

April 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?