Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Осомничен за демнење и насилство врз жена во Велес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Осомничен за демнење и насилство врз жена во Велес
ХРОНИКА

Осомничен за демнење и насилство врз жена во Велес

Објавено September 20, 2025 15:45
Сподели
Сподели

Постапувајќи по поднесена кривична пријава од МВР, Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 59-годишен велешанец, осомничен за кривично дело – Демнење од член 144-а став 2 во врска со став 1, како и продолжено кривично дело Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Од преземените предистражни дејствија произлегува дека осомничениот, кој бил во интимна врска со жртвата, ја демнел последните неколку месеци, се мешал во нејзиниот личен живот, проверувал со кого комуницира и се дружи жртвата, каде излегува, ја навредувал и психички ја вознемирувал. Со тоа кај неа предизвикувал чувство на несигурност, вознемиреност и страв.

На 18 септември, во повеќе наврати во текот на целиот ден, вршел грубо насилство врз жртвата и притоа телесно ја повредил, и тоа еднаш на работното место, а потоа три пати доаѓал во нејзниот стан каде насилно влегувал.

Ценејќи ги сите околности, особено фактот дека осомничениот работи заедно со жртвата, неговата упорност физички да ја напаѓа и малтретира во еден ден, како и фактот дека претходно не му се определени привремени мерки за заштита од семејно насилство, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од повторување на неговите насилнички дејствија.

Воедно, поради неговото занимање и важечка документација за премин на државната граница, тој е во можност да се даде во бегство, па до Основниот суд во Велес, надлежниот обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и ја определи мерката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа
Следна Статија Засега потврдени осум од 17-те кандидатури за градоначалник на Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

23-годишна девојка нападната од својот татко

На 11.02.2026 во 08:00 часот во СВР Скопје, 23-годишна девојка пријави дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била…

February 12, 2026
ХРОНИКА

Видевски во деновите кога се убиени Панче и Вања бил на работа и во седиштето на Десна, но докази нема

Бојан Манев адвокат на Боре Видевски по денешното рочиште повтори дека неговиот клиент треба да добие ослободителна пресуда бидејќи Обвинителството…

June 18, 2025
ХРОНИКА

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје од 2400 евра

Од Македонската православна црква – Охридска архиепископија, вчера во 17:25 часот е пријавено дека во периодот од февруари 2026 година…

March 17, 2026
ХРОНИКА

Децата ја спасиле мајката од таткото насилник во Струмичко

Маж, на суров начин, се обидел да ја убие својата сопруга во струмичкото село Просениково, и тоа пред очите на…

November 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?