Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Останува во сила забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Останува во сила забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод
ЗДРАВЈЕ

Останува во сила забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод

Објавено July 21, 2026 10:02
Сподели
Сподели

Донесената забрана за користење на водата од гостиварскиот водовод, за пиење и за подготвување храна, останува во сила се додека со лабораториски анализи не се потврди нејзината безбедност. Продолжуваме будно да ја следиме состојбата и да преземаме соодветни законски мерки за целосно расчистување на случајот и за отстранување на причините кои довеле до оваа состојба и го загрозиле здравјето на граѓаните. Ја уверуваме јавноста дека нема да дозволиме ниту еден аспект од постапката да остане неиспитан, рече денеска директорот на генцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов.

На прес-конференција во Владата, Миланов информира дека и денеска продолжуваат активностите на инспекциските служби преку спроведување контроли над операторите со храна во Гостиварско. Целта на вонредните засилени мереки, нагласи, е прецизно да се утврди изворот на контаминација, степенот и обемот на загаденоста, како и да се обезбедат нови релевантни лабораториски резултати врз основа на кои ќе бидат преземени сите понатамошни мерки во конкретниот случај.

-АХВ со најголемо внимание ја следи состојбата со квалитетот на водата за пиење во Општина Гостивар. Од првиот момент кога беа добиени сознанија за можен ризик по јавното здравје врз основа на добиеното известување од јавен обвинител од ОЈО Гостивар и пријава од МВР Гостивар за можна нарушена безбедност на водата за пиење во гостиварскиот вопдоснабдителен систем, инспекциските служби на АХВ спроведоа вонредна контрола во овгој водоснабдителен систем во село Вруток, Општина Гостивар. Согласно законските надлежности и воспоставените протоколи, контролата беше спроведена на 16 јули во доцните вечерени часови во соработка со претставници на Министерството за животна средина, ОЈО Гостивар и крим техника – МВР Гостивар. Со надзорот беше утврдено дека во главниот цевковод на водоводната мрежа, на диво, без одобрение се поставени пумпи која директно вбризгувале вода од реката Вардар во овој водоснабдителен систем, напомена директорот.

Според него, стручни лица на Институтот за јавно здравје земале четири мостри од водата од резервоараот, каптажата, од површинска вода и од јавна чешма во џамија, за лабораториско тестирање, со цел утврдување на нејзината безбедност.

-За да се спречи поголема опасност за населението од овој регион, АХВ веднаш издаде време забрана за употреба на водата за пиење. Во текот на вчерашниот ден, активностите беа значително проширени, при што инспекциски служби на Агенцијата за храна и ветеринарство земаа дополнителни мостри и тоа од целиот водоснабдителен систем, вклучително и од јавни установи, градинки, угостителски објекти и други кои ја користат водата од овој водоснабдителен систем за пиење и за подготовка на храна. Во рамки на законските овластувања, Агенцијата ќе ги преземе сите неопходни мерки против сите субјекти кај кои ќе се утврдат пропусти или непочитување на законските обврски. Апелираме до граѓаните доследно да ги почитуваат препораките на надлежните здравствени институции и локалните власти во однос на користењето на водата за пиење, се до добивањето на конечните лабораториски резултати и целосното нормализирање на состојбата, потенцира Миланов и дополни дека АХВ зема официјални мостри од вода, а тестирање на примероците врши Институтот за јавно здравје, кој треба официјално да ги достави резулатите до АХВ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Колиформни бактерии над дозволеното ниво во водата во Гостивар – Приведени тројца раководители на „Комуналец“
Следна Статија Хоџа: Кога е загрозено здравјето на граѓаните, не смее да има компромиси, очекувам кривична и морална одговорност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Голем интерес за вакцинација против сезонски грип: Над 70.000 пријавени, 22.000 веќе вакцинирани

Министерството за здравство информира дека интересот за вакцинација против сезонски грип континуирано расте. Досега се пријавени над 70.000 граѓани, а…

October 28, 2025
ЗДРАВЈЕ

Овие намирници се природен извор на колаген, кој влијае на здравјето и сјајот на вашата кожа

Кога станува збор за одржување на младешка, мазна и цврста кожа, два протеини се клучни: колаген и еластин. Овие два…

August 3, 2025
ЗДРАВЈЕ

Истрага на ББС: Сперма со генетски ризик за рак користена во Македонија и Србија, зачнати 197 деца

Сперма од донатор со ген што предизвикува рак била искористена за да се родат речиси 200 деца, објавија денес британските…

December 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Мицкоски за Меморандумот на Владата и СЗО: Испраќаме силна порака дека здравјето е фундаментално право

Денес ја зајакнуваме една од најважните стратешки соработки за нашата држава – партнерството помеѓу Владата на Македонија и Светската здравствена…

December 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?