Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Осуденик во Бардовци со стаклено шише усмртил друг осуденик, а пред 13 години во Неготино си ја убил и својата мајка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Осуденик во Бардовци со стаклено шише усмртил друг осуденик, а пред 13 години во Неготино си ја убил и својата мајка
ХРОНИКА

Осуденик во Бардовци со стаклено шише усмртил друг осуденик, а пред 13 години во Неготино си ја убил и својата мајка

Објавено August 5, 2025 20:06
Сподели
Сподели

Утрово во 01:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје “ во Бардовци, еден осуденик усмртил друг, со удари со стаклено шише, соопштуваат во Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Во соба на судскиот оддел, настанала физичка пресметка помеѓу осудениците Д.С.(35) од Неготино и И.Т.(62) од с.Љубанци, скопско. Притоа, од ударите со стаклено шише И.С. паднал во бесознание, по што бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што во 02.20 часот починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Д.С. е задржан во собата каде се случил настанот. Имено, Д.С. е осудено лице за сторено кривично дело „убиство“, додека И.Т. бил осуден за кривично дело „семејно насилство“. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, пишува во соопштението на МВР.

Д.С. е осуден за убиство на неговата мајка во 2012 година, која ја усмртил со повеќе убоди во вратот, стомакот и градите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Џен од Алжир е девојчето најдено мртво на плажа во Грција, мајката е обвинета за убиство со умисла
Следна Статија ChatGPT на OpenAI, Gemini на Google и Claude на Anthropic се додадени на списокот на одобрени добавувачи на вештачка интелигенција за владата на САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Тетката на Вања: Александар ми рече да барам помош од Илон Маск

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на…

November 13, 2024
ХРОНИКА

Кривична против поранешниот претседател на Стоматолошката комора

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.Д., во својство на поранешен претседател на…

May 1, 2026
ХРОНИКА

Армиското возило било удрено од цивилно: Повредени тројца припадници на АРМ

Тројца припадници на Армијата имало во возилото што се преврте на патот Штип-Кочани и сите се полесно повредени, соопшти Генералштабот…

March 21, 2025
ХРОНИКА

Паланчанец возел во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес

Осумдесет и едно годишниот М.А од Крива Паланка вчера попладне бил запрен од полиција поради тоа што возел во спротивен…

April 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?