Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Осудениот врховен судија Георгиев се вработи како магационер: сега излегува денски, навечер се враќа во затворот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Осудениот врховен судија Георгиев се вработи како магационер: сега излегува денски, навечер се враќа во затворот
ХРОНИКА

Осудениот врховен судија Георгиев се вработи како магационер: сега излегува денски, навечер се враќа во затворот

Објавено May 12, 2025 18:48
Сподели
Сподели

Осудениот поранешен врховен судија, Наќе Георгиев, кој е осуден за земање на мито, сега се вработи како магационер, дознава „Скопје1“. Ова пак, му овозможува денот да го поминува излезен од зад решетките, но треба да се враќа таму и да преспива. Погодноста му е овозможена бидејќи тој издржа нешто повеќе една година од тригодишната затворска казна. Од затворот „Скопје“, беше префрлен во струмичкиот затвор.

„Осуденикот редовно користи погодности, викенд од три дена, излез од седум часа. Од денес е работно ангажиран во приватна фирма, со дадена согласност од директорот на Управата за извршување санкции“, вели директорот на затворот, Зоран Ристов за „Скопје1“.

Но, и изминатата година, тој користел поволности. Според информациите на „Скопје1“, Георгиев излегувал на викенди, кои му се давани согласно правилникот на затворот. Сите привилегии ги уживал, благодарение на доброто поведение.

Инаку, Георгиев се спогоди со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција по случајот за земање мито од синот на ексградончалникот на Ново Село, Боро Стојчев и прифати да му биде изречена казна затвор во траење од три години, како и Забрана за вршење професија, дејност или должност на службено лице во период од три години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ониe кои гледаа во детството ќе се сетат на Сабу: Почина најпознатиот американски кечер
Следна Статија Богдановиќ : Релациите Македонија- Дубаи на Филиче ги демотивираат членството и симпатизарите на СДСМ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Tурска студентка пронајдена мртва во стан во Штип

Пронајдена е починато помладо женско лице во стан на улицата „Васил Главинов“ во Штип. Според станарите на зградата станува збор…

May 7, 2026
ХРОНИКА

Најмалку 50 загинати и стотици повредени во пожарот во дискотека во Кочани

Најмалку 50 лица се загинати, а стотица се повредени во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време…

March 16, 2025
ХРОНИКА

Механичар пукал кон муштерија по расправија околу поправка на автомобил во Гостивар

Вербална расправија околу поправка на автомобил заврши со пукање во Гостивар. Механичар во текот на вчерашниот ден, со пиштол кој го…

November 23, 2024
ХРОНИКА

Германски турист повреден при скок во Охридското Езеро

На 18.04.2025 околу 12 часот во СВР Охрид е пријавено дека во водите на Охридското езеро, кај „Канео“, забележано е…

April 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?