Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Осумнаесетгодишен Македонец осомничен за обид за убиство на член на „Шкаљарскиот клан“ во Црна Гора
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Осумнаесетгодишен Македонец осомничен за обид за убиство на член на „Шкаљарскиот клан“ во Црна Гора
БАЛКАН

Осумнаесетгодишен Македонец осомничен за обид за убиство на член на „Шкаљарскиот клан“ во Црна Гора

Објавено August 15, 2025 12:38
Сподели
Сподели

Црногорската полиција го осомничи 18-годишниот Андреј Танасковски, државјанин на Македонија за обидот за убиство на Марко Љубиша, познат како Кан (56), од Будва, пишува црногорски „Вијести“.

Полициската управа на Црна Гора истакнува дека нивните службеници, во соработка и координација со Вишото државно обвинителство во Подгорица, „по преземање на сеопфатни истражни и полициско-обвинителски мерки и дејствија, обезбедиле докази и го расветлиле кривичното дело обид за убиство извршено на 7 август 2025 година, во хотелскиот комплекс Маестрал во Будва“.

Според податоците со кои располага црногорската полиција, Кан е висок член на криминалната група од Будва, која е тесно поврзана со криминалниот Шкаљарски клан.

Тој бил ранет пред осум дена, на базенот на хотелскиот комплекс во Пржно.

„Со преземање на бројни извидувачки, оперативни, тактички, технички, форензички и доказни мерки и дејствија во координација со Вишото државно обвинителство, полициските службеници брзо го идентификуваа сторителот на ова тешко кривично дело, имено А.Т. (18), државјанин на  Македонија. А.Т., користејќи огнено оружје на гореспоменатиот ден, испукал два проектили во правец на М.Љ., кој се здобил со телесни повреди во главата. По извршувањето на кривичното дело, А.Т. избегал во непознат правец“, соопшти Полициската управа.

Оттаму објаснуваат дека на Љубиша веднаш му е укажана медицинска помош и дека по укажаната медицинска помош, тој е пуштен на понатамошно домашно лекување.

Постои основано сомнение дека директниот сторител на кривичното дело А.Т., при планирањето и подготвителните дејствија, го искористил како начин на инфилтрација во спроведувањето на криминалните активности престојот како гостин во хотел под фалсификувана документ – лична карта на име Ј.Г., како државјанин на Република Србија“, соопшти Полициската управа.

Според информациите до кои дошле „Вијести“, тој користел лажен документ за идентификација во кој биле внесени податоците на српскиот државјанин Јован Галиќ, роден во септември 2006 година.

„Полициските службеници, преку темелно планирање на разузнавачки и оперативни мерки, идентификуваа државјанин на  Македонија, по што испратија директно барање до полицијата на Македонија, чии активности резултираа со идентификација на сторителот во рок од 24 часа од моментот на извршување на кривичното дело. Полициската управа ја користи оваа можност да им се заблагодари на полициските службеници и органите за спроведување на законот на Македонија, кои дејствуваа во реално време, брзо и во директна комуникација, по барањата на Полициската управа на Црна Гора, и ги обезбедија потребните информации за спроведување на оваа кривична истрага.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Одредени ланци на супер маркети преку скриен маркетинг ги изигруваат законите, тоа нема да толерираме, вели Мицкоски
Следна Статија Мицкоски: Апсолутно никогаш нема да се повлечеме од преговори со ЕУ, целта на оваа Влада е да биде дел од Унијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

За само еден ден 11 земјотреси го погодија Врање

Од вчера  до денес  Врање го погодиле дури 11 земјотреси, од кои најсилниот бил со јачина од 3,7 степени според…

October 14, 2024
БАЛКАН

ЕУ: Пресудата на Додик е обврзувачка, сите страни треба да ја почитуваат

Европската Унија денеска соопшти дека конечната пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, мора да се почитува и ги…

August 1, 2025
БАЛКАН

Планинари од Германија и Холандија се изгубиле на границата со Косово

На 21.05.2025 во 19.31 часот во Секторот за меѓународна полициска соработка, од Интерпол Германија е пријавено дека на граничната линија…

May 22, 2025
БАЛКАН

Tаксист буквално „одра“ турист во Сплит, за 5 километри му наплатил 209 евра

Најновиот случај од Сплит кој ја шокираше јавноста покажува како тамошните таксисти не престануваат да изненадуваат кога станува збор за…

October 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?