Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во грабежот на златарата во Гостивар, одземени 18 килограми злато во вредност од речиси два милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Во грабежот на златарата во Гостивар, одземени 18 килограми злато во вредност од речиси два милиони евра
ХРОНИКА

Во грабежот на златарата во Гостивар, одземени 18 килограми злато во вредност од речиси два милиони евра

Објавено October 11, 2025 16:30
Сподели
Сподели

Осумнаесет килограми злато вредно околу 1,8 милиони евра украле четворица маскирани и вооружени разбојници синоќа во „филмскиот грабеж“ на златарница која се наоѓа во центарот на Гостивар.

Министерството за внатрешни работи информира дека вооружени со автоматско оружје, тие влегле во златарницата во близина на малиот пазар околу 18:45 часот и со закана по живот ја принудиле личноста да им го предаде златниот накит.

По извршувањето на грабежот, разбојниците побегнале со патничко возило „БМВ Х3“ без регистарски таблички. Околу 19 часот, полицијата пронашла опожарено возило со ист опис на регионалниот пат Мавровска крстосница – село Маврово.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица – Гостивар, а при увидот во возилото е пронајдена автоматска пушка со бајонет.

Возилото е пренесено во кругот на Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај во Гостивар, по наредба на јавен обвинител, кој ја координира истрагата.

Станува збор за златарница во сопственост на С.Ж. од Гостивар.

Од Министерството за внатрешни работи информираат и од Обвинителството информираат дека се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот со украденото злато.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Најважната битка од сите наши борби е борбата за стандардот и животот на луѓето
Следна Статија Мицкоски бара дијалог со сите општествени фактори: Не мислам на лидерска средба туку на мислења од академиците, професорите, младите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(ФОТО) Филмско апсење на нарко-дилери во Струмица: Пресечен меѓународен канал за трговија со дрога

Пред неколку минути на улицата „Климент Охридски“ во Струмица се одвива полициска акција со големо присуство на полициски сили, каде…

June 30, 2025
ХРОНИКА

Експлозивна направа фрлена во Битола, оштетени седум возила и неколку куќи

На 12.07.2025 во СВР Битола било пријавено дека околу 02:05 часот, од страна на непознат сторител била фрлена експлозивна направа…

July 12, 2025
ХРОНИКА

Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки, веднаш да пријават во полиција

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се…

March 4, 2025
ХРОНИКА

Армиското возило било удрено од цивилно: Повредени тројца припадници на АРМ

Тројца припадници на Армијата имало во возилото што се преврте на патот Штип-Кочани и сите се полесно повредени, соопшти Генералштабот…

March 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?