Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Осумнаесет лица со повреди од пожарот во „Макпрогрес“ примени во Болницата во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Осумнаесет лица со повреди од пожарот во „Макпрогрес“ примени во Болницата во Кочани
ХРОНИКА

Осумнаесет лица со повреди од пожарот во „Макпрогрес“ примени во Болницата во Кочани

Објавено September 7, 2025 10:51
Сподели
Сподели

Вкупно осумнаесет лица се примени синоќа во кочанската Општа болница со повреди здобиени во пожарот  што избувна вчера доцна попладне во фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес“ во Виница. Дел се задржани во Кочани, дел од нив се препратени на клиниките во Скопје, но сите се во стабилна состојба, изјави за МИА Оливера Цимбаљевиќ, анестезиолог, раководител на одделението за анестезиологија и реанимација во кочанската Општа болница.

-Петмина од нив се наоѓаат на хирургија, од нив четворица се со изгореници на нозете од прв и втор степен. Петтиот што е задржан на хируруршкото одделение е со инхалациони (токсиколошки) повреди. Други петмина повредени во пожарот во „Макпрогрес“ се згрижени на интерното одделение во Општата болница во Кочани. Сите се со инхалациони повреди (вдишување чад), односно со токсиколошки наод. Шест други лица веднаш се препратени на Клиника во Скопје, сите затруени со чад од огнот. Преостанатите заминале после укажаната лекарска интервенција, вели др. Цимбаљевиќ.

Таа не можеше да прецизира колку од нив се пожарникари, а колку се вработени во „Макпрогрес“.

Сите примени во Болницата во Кочани се во стабилна состојба, потенцира др. Цимбаљевиќ.

Пожарот во фабриката за кандирани производи и вафли во Виница избувна вчеравечер во 18,40 часот, во магацините и во производствените погони  6, 7 и 8, а во неговото гаснење покрај од ТППЕ на Виница беа вклучени и против пожарните единици од неколку соседни општини.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Русија со рекорден напад врз повеќе украински градови, погодена и владината зграда во Киев
Следна Статија Шукова: ЗОО во Скопје ќе биде модерна и едукативна со хуман третман за животните

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Маж изгоре во пожар во неговата куќа во Велес

Eден маж загина во пожарот што вчеравечер се случил во запалена куќа на ул. „Љубен Весов“ бр. 54 во Велес.…

December 15, 2024
ХРОНИКА

Тело на жена пријавена за исчезната пронајдено закопано во гостиварско

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде…

December 12, 2025
ХРОНИКА

Четири дена по убиството на Вања, Палевски ја земал целата опрема за подкаст и заминал за Белград!

Денеска во Кривичниот суд на прашања од обвинителите одговараше првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, Љупчо…

April 28, 2025
ХРОНИКА

Се бара притвор за шест лица и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Прилепското обвинителство побара притвор за шест лица и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската општа…

October 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?