Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Отворена предистрага за дупката од над седум милиони евра во Агенцијата за одземен имот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Отворена предистрага за дупката од над седум милиони евра во Агенцијата за одземен имот
МАКЕДОНИЈА

Отворена предистрага за дупката од над седум милиони евра во Агенцијата за одземен имот

Објавено April 14, 2025 21:49
Сподели
Сподели

Недостасуваат седум милиони евра во државниот буџет, кои од страна на Агенцијата за одземен имот не биле уплатени, а се од продаден имот стекнат на криминален начин.

Овој имот е запленет со правосилни судски пресуди, зашто е стекнат со криминал и со него управува Агенцијата, која не смее да ги злоупотребува парите од неговото отуѓување.

Во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) има утврдено многу неправилности во работењето на Агенцијата.

За оваа дупка во државниот Буџет, како и за другите неправилности што ги утврди ДЗР, како на пример безусулно трошење од страна на директорите на Агенцијата под ставки „договорни услуги“ и „други тековни расходи“, од Обвинителството за СДК.МК велат дека веќе е отворена предистрага.

Не ги уплатиле сите пари во Буџетот, нивните финансиски извештаи не се точни, а проблеми се утврдени и кај квалификациите на вработените во Агенцијата за управување со одземен имот. Ова се дел од забелешките на ревизорите кои утврдиле дека има недостиг на средства уплатени во Буџетот.

Анализата на остварените приходи од продажба на одземен имот и уплатените средства во Буџетот на државата реализирани од Агенцијата во период од 2011 до 30 септември 2024 година упатуваат дека од остварените вкупни приходи во износ од 1.650 милијарди денари, во Буџетот на државата уплатени се 1.205 милијарди денари, односно уплатени се 445 милиони денари помалку“, наведува Државниот завод за ревизија.

Ревизорите утврдиле и дека како неискористени парични средства на депозитната сметка на Агенцијата, на 31.12.2023 година се нашле 40.721 илјади денари, кои не се уплатени во Буџетот на државата.

Повеќе на СДК.мк

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Палевски им се извинуваше на обвинителките затоа што ги спореди со Ферари
Следна Статија Унгарскиот парламент ги изгласа уставните измени за забрана на јавните ЛГБТ активности

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сите електронски документи од државен орган, може да се користат печатени како оригинални

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги од неодамна е овозможено…

February 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Минчев: Сакаме да создадеме јавна администрација која ќе ги задоволи потребите на граѓаните

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на првата трибина во рамките на Платформата „100% Посветено за тебе“, одржана во…

October 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Тргнува првиот воз од Скопје за Куманово

Тргнува првиот воз од Скопје за Куманово. Ќе се патува 41 минута, а возот ќе сообраќа двапати дневно. Во одредени…

February 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски до СДСМ: Ви пречат резултатите од моето работење, оставка не давам!

Осум години уништување на државата и страв од одговорност за истото, не се бришат со папагалско повторување на зборот “оставка“,…

October 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?