Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Откако се повлече од Србија, зетот на Трамп нема да гради комплекс ниту во Албанија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Откако се повлече од Србија, зетот на Трамп нема да гради комплекс ниту во Албанија
БАЛКАН

Откако се повлече од Србија, зетот на Трамп нема да гради комплекс ниту во Албанија

Објавено January 6, 2026 14:35
Сподели
Сподели

Компанијата „Atlantic Incubation Partners LCC“, сопственост на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, откако официјално објави повлекување од договорот со Владата на Србија за изградба на луксузен хотел во Белград, сега го „замрзна“ договорот со албанската влада за изградба на туристички центар на островот Сазан.

-На истиот датум, 15 декември 2025 година, кога го објави повлекувањето од договорот со Белград, сличен сигнал за повлекување бил даден и за проект „Туристички центар – остров Сазан“, каде инвеститорот Џаред Кушнер ги одложил роковите за почеток на процедурите за спроведување на договорот, преку известување упатено до албанската влада, објави „Лајме јаворе“ во написот под наслов „ Сензационално! Фамилијата на Доналд Трамп го „замрзна“ договорот за островот Сазан“.

Според информациите објавени и од други албански медиуми компанијата на Кушнер, инвеститор на проектот Сазан, одлучила да го продолжи рокот за реализација на договорот за една година, односно до крајот на 2026 година.

Ова известување е испратено до Комитетот за стратешки инвестиции, Министерството за економија и иновации, Албанската инвестициска корпорација и компанијата изведувач „Албанска државна Дивелопмент риел естејт“.

„Официјалните причини зошто Џаред Кушнер одлучил да го одложи договорот за започнување на процедурите за проектот на островот Сазан сè уште се непознати, но, сепак, оваа одлука предизвика загриженост во албанската влада. Причините остануваат јавно непознати, но неодамнешните случувања укажуваат дека многу дискутираниот договор за Сазан влезе во фаза на длабока политичка и економска неизвесност. Продолжување на рокот до крајот на 2026 година, може да е знак предупредување дека проектот за островот Сазан може трајно да биде откажан, констатира „Лајме јаворе“.

Компанијата планираше да инвестира околу 1,4 милијарди евра за изградба на комплекс од вили и хотели на 45 хектари земја на островот Сазан, кој бил воена база во времето на Студената војна. Со уредбата потпишана во декември 2024 година, од претседателот Бајрам Бегај, островот беше отстранет од списокот на локации за распоредување и обука на вооружените сили на земјата.

Албанскиот премиер Еди Рама тогаш изјави дека, од островот Сазан, инвестицијата на Кушнер, ќе направи „бисер на туризмот на Медитеранот“. Според него, оние кои зборуваат за уништување на заштитени подрачја лажат, бидејќи, како што рече тој, Сазан никогаш не бил заштитено подрачје, освен за војниците на Енвер Хоџа

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Жител на неготинско Пепелиште возел со 2,05 промили алкохол во крвта
Следна Статија Лазаров пресече: Ова се играчите кои за Македонија ќе настапат на ЕП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Рама: На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплаќа патарина

На автопатот „Патот на Арбр” (Руга е Арбрит) кој се протега од граничниот премин „Блато” кај Дебар до Тирана нема…

February 26, 2025
БАЛКАН

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит

Со едногласна заедничка одлука на истражниот судија и јавниот обвинител, на македонскиот државјанин, кој ја уби 45-годишната жена на Крит…

June 26, 2026
БАЛКАН

Победа на локални избори во два српски града прогласија и Вучиќ и опозицијата, изборните комисии засега без резултати од гласањето

Во српските градови Заечар и Косјериќ вчера се одржаа избори за советници во собранијата на локалната самоуправа каде граѓаните избираа…

June 9, 2025
БАЛКАН

Таткото на Коста Кецмановиќ: Mу велев да не пука во луѓе

Владимир Кецмановиќ пред судот изјавил дека членовите на семејството знаеле дека тој поседува оружје, но дека го чувал во куфери…

April 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?