Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Откриена е пораката што Епштајн ја испратил неколку часа пред неговата смрт
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Откриена е пораката што Епштајн ја испратил неколку часа пред неговата смрт
СВЕТ

Откриена е пораката што Епштајн ја испратил неколку часа пред неговата смрт

Објавено July 11, 2025 08:55
Сподели
Сподели

Осудениот педофил, Џефри Епштајн, испратил СМС порака само неколку часа пред да изврши самоубиство во затвор, тврди авторот Мајкл Волф.

Тој беше во поправниот центар во Њујорк на 9 август 2019 година, кога ја испратил шокантната порака. Следното утро тој бил најден мртов, а сега се појавија бројни теории дека бил убиен за да ги заштити своите богати и моќни клиенти.

Авторот Мајкл Волф, кој исто така напишал книги за американскиот претседател Доналд Трамп, откри дека бил во контакт со Епштајн пред неговата смрт.

„Верувам дека ја добив последната порака од него пред да почине. Тоа беше одговор на моето прашање за тоа како е, тој само испрати: „Сè уште сум тука“, откри Волф.

Она што многумина го протолкуваа како „шега за самоубиство“, бидејќи пораката во оригиналот гласи „”still hanging around”, што во буквален превод на значи „сè уште висам“, му беше проследено на Волф преку адвокатот на Епштајн околу девет часот навечер.

Волф рече дека се сретнал со Епштајн во 2014 година, кога осудениот педофил го замолил да напише книга за него. Иако Волф одбил, тие останале во контакт.

Часови откако Волф ја примил пораката, Епштајн бил пронајден обесен во неговата ќелија.

ФБИ го објави видеото од ќелијата

ФБИ неодамна објави видео кое наводно докажува дека Епштајн се самоубил. Сепак, дополнителни шпекулации беа предизвикани од фактот што ФБИ и Министерството за правда на САД сега тврдат дека не постои „список на Епштајн“, односно список на неговите клиенти.

Главниот обвинител на САД, Пам Бонди, како и директорот на ФБИ, Кеш Пател, претходно тврдеа дека списокот постои и наскоро ќе биде објавен.

Објавеното видео го прикажува Епштајн како го води чувар во ќелија.

Но, на видеото му недостасува една минута помеѓу 11:59 и полноќ, што предизвика повеќе контроверзии и мистерија.

Братот на осудениот педофил не ѝ верува на администрацијата на Трамп

Братот на Епштајн, Марк, рече дека не верува во она што го објави администрацијата на Трамп.

Тој рече дека изјавата на директорот на ФБИ, Пател, била „глупава“ бидејќи не бил во собата кога била извршена обдукцијата.

„Сега, дали Каш Пател бил во таа соба за обдукција? Не. Дали Каш Пател бил во затвор кога го пронашле Џефри? Не, не мислам така, а ако бил таму, тоа поставува уште поголемо прашање“, рече братот на Епштајн.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дубаи го отвора првиот ресторан управуван од вештачка интелигенција
Следна Статија Четири девојчиња им го стоплија срцето на скопските пожарникари: „Кога телото ти се предава…, благодариме што ни го вративте здивот“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Германските конзервативци и Социјалдемократската партија ќе формираат коалициска влада

Германските конзервативци (ЦДУ/ЦСУ) и Социјалдемократската партија (СПД) ги завршија прелиминарните разговори за формирање коалициска влада, соопштија денеска партиските лидери. „Имаме…

March 8, 2025
СВЕТ

Трамп најави трговски договор со Велика Британија за намалување на царините

Доналд Трамп кажа дека денеска ќе склучи голем трговски договор со „земја што многу ја почитува“, за која американските и…

May 8, 2025
СВЕТ

Цела Австрија прогласена за ризично подрачје поради појавата на птичји грип

Австриското Министерство за здравство и социјална заштита ја прогласи цела Австрија за област со зголемен ризик од птичји грип, објавија…

November 8, 2024
СВЕТ

Економските загуби од пожарите во Лос Анџелес околу 50 милијарди долари

Според проценката на американската мултинационална компанија за финансиски услуги „Џеј Пи Морган“ (JP Morgan), економските загуби од шумските пожари во…

January 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?