Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Охридските средношколци Андреа Савиќ и Славчо Мургоски златни на Балканијадата по механотроника, инженерство и електротехника
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Охридските средношколци Андреа Савиќ и Славчо Мургоски златни на Балканијадата по механотроника, инженерство и електротехника
МАКЕДОНИЈА

Охридските средношколци Андреа Савиќ и Славчо Мургоски златни на Балканијадата по механотроника, инженерство и електротехника

Објавено May 10, 2025 19:06
Сподели
Сподели

Учениците Андреа Савиќ и Славчо Мургоски од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид освоија златен медал на Меѓународниот натпревар во мехатроника, инженерство и електротехника „Балкан јуниор“ што изминатите два дена се одржа во Велење, Словенија.

Под менторство на професорите Владо Јанкулоски и Сања Јованоска до првото место тие дојдоа со освоени максимални сто можни бода и на теоретскиот и практичниот дел од натпреварувањето, во силна конкуренција натпреварувачи од средношколски центри од седум балкански држави.

Ова е четврти пат со ред ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“-Oхрид да ја освојат првата награда на овој престижен меѓународен натпревар. Второто место ја освои екипата од Босна и Херцеговина, додека третополасирана беше екипата на Словенија.

Натпреварувањето во Словенија е 11-то по ред издание на „Балкан Јуниор“, во областа на мехатрониката, инженерството и електротехниката, осмислено со цел промовирање на техничкото образование и иновацитивноста кај младите луѓе.

Учеството во вакви настани придонесува за развој на практични вештини, решавање проблеми и тимска соработка, кои се вештини кои се неопходни за успех во современиот свет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Џек Николсон дефинитивно нема повторно да го гледаме на филм
Следна Статија Изгоре дуќанот на Тивес во Лептокарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Светска банка: Загадениот воздух годишно убива околу 2 800 македонски граѓани

Загадениот воздух годишно убива околу 2 800 граѓани на земјава, а жителите на Скопје и Тетово се изложени на значително…

December 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во ракетен напад погодена Амбасадата на Македонија во Киев

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев. Воедно, информираме…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Ако на јавноста не и се допаѓа и има пропусти ќе го поништиме тендерот за паркингот на Клинички центар, 50 денари за час е пристојна цена

Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека договорот со компанијата „Ѓока констракшн“ која преку јавно-приватно партнерство треба да стопанисува со…

March 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вевчанци: ДУИ со мувата на капата

Вевчани остро ги осудува обвинувањата од партијата ДУИ за маската која привлече внимание на Вевчанскиот карневал, нарекувајќи ги целосно неосновани…

January 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?