Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Охрид СОС: Мијалков без никаков проблем си гради хотел над Охридското Езеро
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Охрид СОС: Мијалков без никаков проблем си гради хотел над Охридското Езеро
МАКЕДОНИЈА

Охрид СОС: Мијалков без никаков проблем си гради хотел над Охридското Езеро

Објавено March 24, 2025 17:10
Сподели
Сподели

Сашо Мијалков си присвои државно земјиште на една од најатрактивните локации во Охрид, веднаш над езерото. Овој проект никогаш не бил доставен ни до Комисијата за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион, ниту пак урбанистичкиот план бил ревидиран од аспект на неговата усогласеност со Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион (2020-2029) во кој експлицитно стои „спречување на градежното зафаќање на релјефни возвишенија, доминантни места каде со изградбата на објекти ќе се наруши крајбрежниот пејзаж“, се вели во реакцијата на граѓанската иницијатива Охрид СОС.

„Во 2007 година се изготви урбанистички план вон населено место, каде дел од парк шумата Горица се пренаменува во градежно неизградено земјиште, со конкретна намена хотелски комплекс. Градоначалник на Општина Охрид е Александар Петрески. Во почетокот на 2011 година Министерството за транспорт и врски предводено од Миле Јанакиески објавува јавно наддавање за отуѓување државно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на хотел на Охридското Езеро. Погодувате, победува фирмата на партискиот функционер, која добива катастарска парцела од 15.878 м2. Се работи за „Дивелоп груп“ во сопственост на Сашо Мијалков. Летото, истата година, токму на таа локација е подметнат пожар, каде горат треви и борови. Според МВР, поради немање соодветна пријава од инспекторатот за пожари, нема водени истраги за предизвикан пожар. Теренот се расчистува, а покрај изгореното, се сечат и здрави стебла. Се добива огромен простор кој потоа е ограден. Така останува безмалку една деценија. Во меѓувреме, поради судски процеси, имотот на Мијалков е замрзнат.
Но, наместо да се раскине договорот, за што има реални услови, Општина Охрид во два наврати потпишува анекс и му овозможува на Мијалков да не го изгуби земјиштето. Првиот анекс го потпишува градоначалникот Никола Бакрачески во 2013 година додека вториот го потпишува градоначалникот Константин Георгиески во 2020 година. Оваа игра заеднички ја водат двете најголеми партии. Наместо да ги истражат овие околности, медиумите делуваат незаинтересирани, одбраа молк. Јавноста не знаеше што се случува, ниту пак беше известена. Дури, одредени локални медиуми во периодот пред да започнат градежните работи објавуваат како тој простор е запуштен и неуреден и дека тука требало да се гради хотел. Охрид СОС пред неколку години ја побара комплетната документација од институциите, и со намера да се истражи дополнително и да се објави пред охридската и македонската јавност, ја понуди на неколку истражувачки редакции. За жал, и покрај иницијалната согласност и желба сето ова да се обзнани, контактираните медиуми сепак не истражија. Не знаеме зошто.
На крај, откако еден дел од делата за кои беше гонет застарија (поради одолговлекување и лошо водење на постапката), а со измените во Кривичниот законик беше сменета суштината на кривичното дело за кое се гонеше, Мијалков беше ослободен. Вешто беше изигран правосудниот систем, па се случи на крај државата, односно даночните обврзници, да треба да му ги исплаќаат адвокатските трошоци. Без никакви пречки, на почетокот на минатата година дојде вистинскиот момент да се продолжи онаму каде што се застана во Горица. Хотелот се гради.
Овој проект никогаш не бил доставен ни до Комисијата за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион, ниту пак урбанистичкиот план бил ревидиран од аспект на неговата усогласеност со Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион (2020-2029) во кој експлицитно стои „спречување на градежното зафаќање на релјефни возвишенија, доминантни места каде со изградбата на објекти ќе се наруши крајбрежниот пејзаж“. Охрид СОС овој случај го вклучи во коментарите претставени до Реактивната мониторинг мисија на UNESCO, IUCN и International Council on Monuments and Sites (ICOMOS) која го посети Охрид минатата година.
Во Извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион доставен до Центарот за светско наследство во февруари минатата година, Владата на Република Македонија манипулативно наведува како сите нови или измени на постојните урбанистички планови се во согласност со Планот за управување. Но, што е со овој проект за Горица? Или за старите проекти, по старо? Ова е очигледен пример кој ги побива сите ‘заложби’ на институциите дека се за зачувување на природното и културно наследство на регионот. Дополнително, дека работат за јавниот, наместо за приватниот интерес. Поединци скоро бесплатно добиваат атрактивни локации низ целиот Охридски регион, државното земјиште се отуѓува како тоа да е нешто невредно. Речиси во сите случаи, го добиваат локални моќници, познати или непознати партиски членови. Носителите на функции воопшто не мислат за јавниот интерес, за уништувањето, за последиците. Својата службена должност ја злоупотребуваат за некој да оствари долгорочен бенефит, а тие да лапнат малку од благото. Да искористат додека се на позиција“, се вели во соопштението на Охрид СОС.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кај 70 до 80% од објектите воочени огромни неправилности
Следна Статија Видевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Се интервенира на подметнати пожари кај Тиквешко Езеро

Се интервенира на подметнати пожари кои зафатија сериозни и тешко достапни локации на Тиквешко Езеро, информираше кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев,…

August 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Проданоски: Граѓаните гласаа за да има правда во државата и тоа се реализира

Во вечерашното гостување на Телевизија Телма во емисијата „Топ Тема“ присуствуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Дејан Проданоски кој се осврна на…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Се јави Димитровска: Тоа е комуникација со семеен пријател, кој подоцна стана обвинет за „Адитив“

Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, негира коруптивни дејствија во „АДИТИВ“. Во соопштението до јавноста, вели дека таква соодржина немало, имало…

April 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ердоган: Нашите односи над 30 години се цврсти како што е цврст и Камениот мост во Скопје

Потпишувањето на политичката декларација за основање на совет за соработка на високо ниво помеѓу Турција и Македонија е многу значаен…

February 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?