Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Охриѓанец си ги убил жената и бебето во Швајцарија!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Охриѓанец си ги убил жената и бебето во Швајцарија!
ХРОНИКА

Охриѓанец си ги убил жената и бебето во Швајцарија!

Објавено July 7, 2025 22:38
Сподели
Сподели

30-годишна жена, македонска државјанка и нејзиното шестнеделно бебе биле убиени во саботата од нејзиниот 43-годишен сопруг, кој во земјата престојувал со бугарски пасош, пренесуваат Швајцарските медиуми.

Неофицијално, Охрид Њуз дознава дека убиецот и убиената жена се со потекло од Охрид.

Според порталот „20min.ch“ во саботата околу 16:45 часот, во Кантоналната полиција во Фрајбур, добиле пријава дека жена и нејзиното бебе се пронајдени мртви во стан во Живисие. Сопругот наводно се обидел да се самоубие, при што се здобил со полесни повреди. Тој добил медицинска помош и бил пренесен во болница со амбулантно возило под полициска придружба.

Осомничениот охриѓанец, сопругот на жртвата, бил уапсен на местото на настанот. Јавното обвинителство, отворило кривична истрага за убиство со умисла, а сторителот го признал убиството на сопругата.

Од Министерството за надворешни работи ја потврдија информацијата посочувајќи дека до македонската амбасада во Берн, вчера е доставена информација од страна на надлежните швајцарски органи дека на 05.07.2025 година, во 17:00 часот, полицијата била известена за случај во семеен стан, каде што биле пронајдени три тела.

Две од нив – М.Т., македонска државјанка, родена во 1995 година, и Д.Т. – пријавен кај швајцарските власти како бугарски државјанин, роден во 2025 година, биле прогласени за мртви на лице место, додека лицето А.Т. (имател на двојно државјанство, но пријавен кај властите како бугарски државјанин), било пренесено во болница за понатамошен медицински третман на повредите. Понатаму, од страна на надлежните швајцарски органи, амбасадата е известена дека постои основано сомнение дека се работи за двојно убиство, при што како осомничен е приведен сопругот на жртвата – А.Т., роден 1982 година, по потекло од Македонија, кој во Швајцарија е пријавен како бугарски државјанин, посочуваат од МНР.

Амбасадата, додаваат, е во редовна комуникација со локалните институции, како и со блиски роднини на жртвите, и ќе продолжи да ги следи сите понатамошни постапки, обезбедувајќи ја потребната поддршка во рамките на нејзините надлежности.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На некого ќе му се посреќи: Од Контрола на летање најавуваат нови вработувања
Следна Статија На 10 јули пристигнува полна месечина во рак – носи среќа на некои хороскопски знаци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето – Расчистено е тројното убиство

МВР ги открива деталите во врска со вчерашното тројно убиство. Во врска со кривично правниот настан -Убиство и самоубиство, случен…

July 13, 2025
ХРОНИКА

Стевчо Јакимовски засега избегна затвор, побарал одложување од здравствени причини

Се одложува издржувањето на казна затвор за поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски. Тој требаше на 2 јули да влезе…

June 30, 2026
ХРОНИКА

Поднесено е обвинение за Стојанче Јовановски за сурово насилство и наведување на самоубиство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице (Стојанче Јовановски) на кое му се ставаат на…

March 13, 2026
ХРОНИКА

Aдвокатот на Ѓорчевски: Таткото на Вања бил физички малтретиран во присуство на началникот кој сведочеше

Владимир Туфегџиќ, адвокат на Александар Ѓорчевски смета дека началникот Музафер Калишиќ изнел само свое видување и сомнеж за поврзаноста на…

October 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?