Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Охриѓани набавете навреме билети за мечот со Олимпијакос
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Охриѓани набавете навреме билети за мечот со Олимпијакос
СПОРТ

Охриѓани набавете навреме билети за мечот со Олимпијакос

Објавено March 26, 2026 16:16
Сподели
Сподели

Атинскиот клуб Олимпијакос в недела ќе го пречека ГРК Охрид во првиот натпревар од четвртфиналната фаза на ЕХФ Европскиот куп, а билетите за ракометниот натпревар по цена од 5, 10 и 15 евра веќе се пуштени во продажба, јави дописничката на МИА од Атина.

Четвртфиналето ќе се одигра во спортската сала „Јанис Котакис“ во населбата Илиуполи, што машкиот ракометен тим на Олимпијакос, од сезоната 2022/23, ја користи за натпреварите на домашен терен, а е со капацитет да прими 1.500 гледачи.

Онлајн продажбата на билети за натпреварот закажан за 17 часот по локално време е во тек, а цените се од 5 од 15 евра во зависност од трибината.

На натпреварот во Атина нема да има македонски навивачи, исто како што на натпреварот во Охрид нема да има навивачи на грчкиот клуб, со оглед на тоа што двете екипи се договорија да не вршат продажба на билети на гостински навивачи.

Од ГРК Охрид минатата седмица соопштија дека по немилите настани за време на финалниот натпревар во Европскиот куп во ланската сезона меѓу Алкалоид и АЕК кога натпреварот во Скопје не се одигра, „по барање на Европската ракометна федерација, двете екипи по меѓусебната комуникација во минатите денови, а со цел да биде избегната ситуација слична или иста на онаа од минатата година, заеднички одлучија да не вршат продажба на билети на гостински навивачи и симпатизери.

Реванш натпреварот во Охрид ќе се одигра следната недела, на 4 април во 18 часот во СРЦ „Билјанини Извори

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мусовски е спремен за деби настап
Следна Статија Данскиот селектор нема да ја потцени Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Пандев: Добро е што Елмас се врати во Италија, во Серија А му е подобро отколку во Бундеслигата

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас оваа зима одлучи да ја продолжи професионалната фудбалска кариера во Италија. Нашиот играч имаше мала минутажа…

February 12, 2025
СПОРТ

Македонските кошаркари утре патуваат за Унгарија

Кошаркарската репрезентација на Македонија рано утре заминува за Унгарија и Романија, каде што ќе ги игра следните два натпревара од…

August 5, 2025
СПОРТ

Турците најавија „трансфер бомба“: Митровиќ во Фенербахче

Александар Митровиќ, најдобриот стрелец во историјата на српската фудбалска репрезентација, наскоро би можел да се врати на европската сцена, во…

June 14, 2025
СПОРТ

Манчестер Јунајтед го испрати Онана во Трабзон

Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана, се пресели во турскиот Трабзонспор до крајот на сезоната. „Скај Спортс“, објави дека Трабзонспор…

September 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?