Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Охриѓани набавете навреме билети за мечот со Олимпијакос
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Охриѓани набавете навреме билети за мечот со Олимпијакос
СПОРТ

Охриѓани набавете навреме билети за мечот со Олимпијакос

Објавено March 26, 2026 16:16
Сподели
Сподели

Атинскиот клуб Олимпијакос в недела ќе го пречека ГРК Охрид во првиот натпревар од четвртфиналната фаза на ЕХФ Европскиот куп, а билетите за ракометниот натпревар по цена од 5, 10 и 15 евра веќе се пуштени во продажба, јави дописничката на МИА од Атина.

Четвртфиналето ќе се одигра во спортската сала „Јанис Котакис“ во населбата Илиуполи, што машкиот ракометен тим на Олимпијакос, од сезоната 2022/23, ја користи за натпреварите на домашен терен, а е со капацитет да прими 1.500 гледачи.

Онлајн продажбата на билети за натпреварот закажан за 17 часот по локално време е во тек, а цените се од 5 од 15 евра во зависност од трибината.

На натпреварот во Атина нема да има македонски навивачи, исто како што на натпреварот во Охрид нема да има навивачи на грчкиот клуб, со оглед на тоа што двете екипи се договорија да не вршат продажба на билети на гостински навивачи.

Од ГРК Охрид минатата седмица соопштија дека по немилите настани за време на финалниот натпревар во Европскиот куп во ланската сезона меѓу Алкалоид и АЕК кога натпреварот во Скопје не се одигра, „по барање на Европската ракометна федерација, двете екипи по меѓусебната комуникација во минатите денови, а со цел да биде избегната ситуација слична или иста на онаа од минатата година, заеднички одлучија да не вршат продажба на билети на гостински навивачи и симпатизери.

Реванш натпреварот во Охрид ќе се одигра следната недела, на 4 април во 18 часот во СРЦ „Билјанини Извори

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мусовски е спремен за деби настап
Следна Статија Данскиот селектор нема да ја потцени Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Денвер со забивање на Гордон во последната милисекунда до победа! (ВИДЕО)

Денвер Нагетс изедначија на 2:2 во серијата со ЛА Клиперс. Во ЛА, Денвер со поените на Арон Гордон, буквално со…

April 27, 2025
СПОРТ

Савичевиќ пред мечот во среда: Moето срце е црвено-црно

Дејан Савичевиќ е еден од најдобрите фудбалери во историјата на Црвена звезда и Милан. Овие екипи во среда од 21…

December 9, 2024
СПОРТ

„Ги навредуваше Србите и мене“: Ѓоковиќ објасни зошто не дал интервју на теренот по победата над Лехечка (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, по победата над Јиржи Лехечка (3:0) во четвртото коло на Австралија опен, не даде интервју на…

January 19, 2025
СПОРТ

Лазаров: Имаме одлична предност пред реваншот со АЕК, но секогаш сум претпазлив

Ракометарите на Алкалоид се подготвуваат за реваншот со АЕК в недела во финалето на ЕХФ Европскиот куп. Македонскиот претставник од…

May 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?