Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ОЈО бара притвор за екс директорите на Онкологија, мерки на претпазливост за обвинетите онколози
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ОЈО бара притвор за екс директорите на Онкологија, мерки на претпазливост за обвинетите онколози
МАКЕДОНИЈА

ОЈО бара притвор за екс директорите на Онкологија, мерки на претпазливост за обвинетите онколози

Објавено May 23, 2025 12:09
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднесе и предлог за определување мерка притвор за двајца обвинети – медицински и организациски директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје.

На обвинетите им се ставаат на товар повеќе кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, а последицата од сторените кривични дела опфаќа и нанесување на значителна имотна штета на Буџетот на Република Македонија, што може да влијае врз мотивот на обвинетите да се дадат во бегство.

Во фазата на истрага за овие лица на сила беа мерки на претпазливост, но со поднесување на обвинението подигнат е степенот на сомнение за обвинетите, како и извесноста од кривично правна одговорност и од санкционирање за нивните противправни дејствија. Поради опасност од бегство како резултат на природата и тежината на предметните кривични дела за кои им се поднесени обвиненија, за тројца обвинети лекари – онколози предложени се мерки на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање, информираат од ОЈО.

Ваквите мерки според обвинителството се неопходни за непречено водење на кривичната постапка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бизнис во Бања Лука: Брачен пар продавале кокаин на тезга за крофни
Следна Статија Тежок удар за сајбер криминалците: Запленети се 3,5 милиони евра во криптовалути

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Четворица од повредените во Кочани денеска ќе бидат отпуштени од софиската болница „Пирогов“

Четворица од повредените во пожарот во Кочани кои беа хоспитализирани во болницата „Пирогов“ во Софија денеска ќе бидат пуштени на…

April 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија ќе остане покуса за 12 милиони долари американска помош!?

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за замрзнување на сите програми за странска помош на 90 дена на 20…

February 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Тие што ги оставија полицајците без униформи денес имаат образ да зборат за наводен криминал

По обвинувањата изнесени во јавноста во врска со тендерската постапка за набавка на униформи за специјалните единици, министерот за внатрешни…

May 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Падна пресудата за Лидија Димова: Апелација го врати случајот на почеток

Апелациониот суд Скопје ја укина првостепената пресуда со која поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност,…

April 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?