Дарко Голубовски кој сака да се нарекува „Кнеле“ познат скопски „преварант“ и „шемаџија“ чии идол е белградскиот криминалец Александар Кнежевиќ Кнеле е уапсен затоа што чувал дрога која му припаѓала на Раде Трајковски Штекли, дознава „Лидер.мк.
Кнеле исто како Штекли живее во скопката населба Керамидница.
Околу четири и пол килограми кокаин биле пронајден кај две лица, а едно од нив е Дарко Голубовски од Керамидница, во скопскоте кругови познат како Кнеле. Дека се успсени лица блиски до Штекли вчера објави директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.
– Одземени се над 4 килограми кокаин од групата на Штекли. Упорноста и професионализмот се клучни за успешната истражна работа. Во координација со Јавниот обвинител, продолжуваме со активностите против оваа криминална група. По само нецел месец од претходната акција, повторно запленивме значителна количина дрога од истата банда. Борбата против недозволената трговија продолжува – нема непобедливи криминални структури, напиша Јанев.