Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пазарниот инспекторат на терен, глобите за непочитување на одлуките за основните прехранбени производи од 500 до 10.000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Пазарниот инспекторат на терен, глобите за непочитување на одлуките за основните прехранбени производи од 500 до 10.000 евра
ЕКОНОМИЈА

Пазарниот инспекторат на терен, глобите за непочитување на одлуките за основните прехранбени производи од 500 до 10.000 евра

Објавено February 20, 2025 15:27
Сподели
Сподели

Од Државниот пазарен инспекторат информираат дека од денеска нивните инспектори се на терен и ќе вршат контроли дали се почитуваат одлуките на Владата за ограничување на маржите и за замрзнување на цените на прехранбените производи.

Согласно Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачите, глобите за непочитување на овие две одлуки се движат од 500 до 10.000 евра, а сите неправилности може да се пријават на 191 или на www.dpi.gov.mk.

По објавувањето на двете владини одлуки во „Службен весник“ од денеска тие стапија на сила и ќе важат до 30 април.

Согласно Одлуката за ограничување на бруто профитната маржа, се ограничува маржата на 102 групи на производи или над 1000 перехранбени и непрехранбени производи и тоа со 5 проценти бруто профитна маржа ќе бидат млекото, лебот, брашното тип 400 и тип 500, јајцата, маслото за јадење, јогуртот и киселото млеко, а со 10 проценти бруто профитна маржа месото и преработките од месо, шеќерот, млечните производи, маргаринот, путерот, конзервираниот зеленчук и овошје, гравот, оризот и тестенините. Со 15 проценти бруто маржа се ограничуваат 39 прехранбени производи и средства за хигена (свежо овошје и зеленчук, детергенти, бебешка храна, пелени, сапун, тоалетна хартија и друго)

Согласно Одлуката за утврдување на највисоките цени за одделни производи во трговија на големо и трговија на мало, утврдени се највисоки цени на осум групи основни прехранбени производи производи (млеко, леб, брашно,тип 400 и тип 500, јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко) при што како највисока цена се утврдени цените што се применувале на 1 февруари годинава.

Трговците имаа обврска производите кои се опфатени со одлуките да ги обележат со натписот „Помалку трошоци, повеќе за тебе”.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Минималната синдикална кошница за февруари 63 773 денари, зголемена за 521 денар во однос на јануари
Следна Статија Бислимовски: Цената на струјата не е причина за високите сметки, туку потрошувачката не била добро предвидена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: За 20 проценти се зголемени платите на социјалните работници

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање посочи дека колективниот договор потпишан од Министерството за социјална политика,…

August 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

КОЈ ЧЕКА ЌЕ ДОЧЕКА: Кичево – Охрид ќе се гради уште една година, потпишан нов анекс за уште186 милиони евра

Потпишан е Анекс број 8 на Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид, со кој се обезбедуваат дополнителни средства…

March 12, 2026
ЕКОНОМИЈА

Дијаспората сѐ поголема, парите што ги праќа во Македонија сѐ помали

Иако во последниве десетина години се повеќе луѓе се иселуваат од Македонија и македонската дијаспора е сѐ поголема, парите што…

June 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Македонија ќе биде земја со најголем број на странски инвестиции по глава на жител во Европа

Образованието за нас е приоритет и не може да има силна држава без силно образование, истакна претседателот на македонската Влада,…

January 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?