Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пазарните инспектори провериле над 800 продажни места, извештајот испратен до Министерство за економија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Пазарните инспектори провериле над 800 продажни места, извештајот испратен до Министерство за економија
ЕКОНОМИЈА

Пазарните инспектори провериле над 800 продажни места, извештајот испратен до Министерство за економија

Објавено April 12, 2026 17:08
Сподели
Сподели

Државниот пазарен инспекторат го доставил извештајот од извршените инспекции до Министерството за економија од кој ќе зависи дали по Велигден ќе има нови мерки против поскапувањата како намалување на ДДВ и ограничување на профитната маржа на трговците. Од пазарниот инспекторат потврдија за Телма дека извештајот до адресата на министерството е испратен минатата недела, кое треба да ги обработи податоците и да ги испрати до Владата која ќе ги разгледува на наредната седница во вторник.

Оттаму велат дека направени се над 140 надзори и опфатени биле над 800 продажни места. Се извршиле инспекции на производители, увозници, дистрибутери и локални поголеми маркети и ланци на маркети. Се проверувале цените на основните прехранбени прозиводи, средства за лична хигиена, средства за чистење, како и детска и бебешка храна и други детски производи.

Извештајот е изработен на барање на премиерот Христијан Мицкоски и врз основа на тоа ќе биде познато дали има разлика во цените на основните прехранбени производи, односно дали и колку тие поскапеле на почетокот на април, споредено со февруари годинава.

Глобалните случувања со конфликтот на Блискиот исток се одразија и на домашните цени. Пред Велигден поскапеа поскапеа јајцата, а со нова повисока цена се продава и зејтинот. Поскапување се забележува кај речиси сите производи, но најголемо е кај овошјето.

Сето тоа резултираше и со повисока инфлација. Иако, од почетокот на годинава почна да се намалува, во март Државниот завод за статистика измери речиси 5 отсто инфлација во споредба со истиот месец лани. Кај цените на мало пак има зголемување од 3, 4 отсто.

Мицкоски вчера најави дека на следната владина седница ќе го имаат извештајот и компаративната анализа и ќе резгираат врз основа на неа. Засега остануваат мерките за намалување на ДДВ за бензините и дизел од 18 на 10 проценти и одлуката за усогласување на акцизите, со која Регулаторната комисија за енергетика може да постапува.

Тој притоа изјави дека очекува на следната седница на РКЕ да се донесе одлука со која цената на дизелот ќе се намали за 2 и пол денари, а на бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 за 1 ипол денар. Од ССМ укажаа дека Владата и досега требало да донесе мерки за да се заштитат потрошувачите. Од опозициската СДСМ реагираа дека веќе 45 дена цените се на високо ниво, без ниту една сериозна интервенција од владата.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ММФ и Светска банка предупредуваат на раст на инфлацијата
Следна Статија Трамп: САД веднаш ќе почнат да блокираат бродови во Ормуската Теснина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Трамп го поддржува падот на доларот и поттикнува нови економски очекувања

Претседателот Доналд Трамп го прифаќа опаѓањето на американската валута, создавајќи претпоставки за долгорочни економски промени

January 29, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски oткрива: Во проектот за автопатот Кичево-Охрид биле изоставени банкини и жичени огради

Дали на кого било му се верува дека во проектот беше изоставена, не сакам да употребам друг збор, еластична ограда…

March 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мексиканска синџир на ресторани затвора локации без банкрот

Синџирот на мексикански ресторани затвора повеќе локации по евалуација на нивното портфолио

January 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

Македонска делегација во посета на „Ада Тепе“ во Бугарија – пример за одржливо и еколошки одговорно рударство

 Размена на искуства и добри практики во рударството и управувањето со природните ресурси и еколошките стандарди за да се добијат…

September 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?