Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пак иста песна – забележани маржи до 50% кај овошјето и зеленчукот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Пак иста песна – забележани маржи до 50% кај овошјето и зеленчукот
ЕКОНОМИЈА

Пак иста песна – забележани маржи до 50% кај овошјето и зеленчукот

Објавено March 14, 2025 10:04
Сподели
Сподели

Просечната малопродажна маржа кај овошјето достигнувала 37,7 отсто, додека кај зеленчукот 48,3 проценти, утврдила анализата на Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“. Тие извршиле анализа на маржите на продуктите за изминатите десетина години и утврдиле дека маржите повеќе се зголемувале до 2017-2018 година, по што следува период на стагнација на маржата.

Зголемување на маржите се бележи во првата половина на набљудуваниот период, до 2017 година, потоа бележат намалување до 2021, по што тие се задржуваат до 2024. Карактеристично е што низ целиот период, маржите на зеленчукот се конзистентно над маржите на овошјето, што може да значи дека зеленчукот има пофлексибилни или поисплатливи малопродажни услови. Зеленчукот забележува и поголема хетерогеност на маржите во однос на овошјето скоро во секоја од анализираните години. Ова може да укажува дека промените во цените или добивката кај зеленчукот во 2024 година се посилни од оние кај овошјето, и дека постои поголема разлика во однос на претходните години – се наведува во нивната анализа.

Аналитичарите исто така утврдиле негативната корелација помеѓу маржата и големопродажната цена, па така кога големопродажните цени на поскапите овошја и зеленчуци растат, маржите на трговците се помали, односно се намалуваат. Ова, според аналитичарите на Институтот може да биде резултат на висока конкуренција или еластичност на побарувачката, која ги принудува трговците да ги намалат маржите за да ја задржат потрошувачката.

Трговците на зелените пазари можеби ја прилагодуваат својата ценовна стратегија за да останат конкурентни, без да го зголемуваат трошокот за потрошувачите, кога станува збор за поскапите овошја и зеленчуци, како и за оние кои забележуваат раст во големопродажните цени – се укажува во анализата на „Фајненс тинк“.

Според нивното истражување, пазарната моќ на малите трговци на зелените пазари е ограничена, а ценовните притисоци кои доаѓаат од големопродажбата не се пренесуваат целосно на крајните потрошувачи. Аналитичарите сметаат дека ова се должи на високото ниво на конкуренција на зелените пазари, каде што функционираат многу индивидуални продавачи со ограничена способност да диктираат цени.

– Покрај тоа, зелените пазари се карактеризираат со ниски влезни бариери за нови трговци, што овозможува поголема динамичност и ценовна флексибилност. Исто така, потрошувачите имаат можност за директна споредба на цените, што врши дополнителен притисок врз продавачите да останат конкурентни. Наместо тоа, трговците често апсорбираат дел од трошочниот притисок што доаѓа од големопродажбата преку намалување на нивните маржи, што дополнително го засилува аргументот за висока конкуренција – се посочува во анализата.

Неодамна Државниот пазарен инспекторат изрече казни за осум правни субјекти се затворени во траење од 15 дена, а притоа им беа изречени ипарични казни бидејќи не ги почитувале владините мерки за скалесто ограничување на маржите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нередовното читање на струјомерите оди на штета на граѓаните, а ЕВН профитира
Следна Статија Италијански град нуди одмор за 1 евро, рокот за пријавување е до утре

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ЕЦБ ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за Народната банка до 2027 година

На барање на Народната банка, Европската централна банка (ЕЦБ) донесе одлука со која ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата…

February 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриоска Кочоска: Горивата се берзански производ на кој не можеме да имаме никакво влијание

Горивата се берзански производ на кој не можеме да имаме апсолутно никакво влијание, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриоска…

June 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за по 0,25 п.п.

На 17 декември 2024 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка,…

December 18, 2024
ЕКОНОМИЈА

По најавите за бојкот, дел од маркетите во Македонија почнаа со акции

По најавите за бојкот на големите маркети во Македонија на 31 Јануари, дел од нив веќе почнаа со акции за…

January 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?