Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Палевски: Не сум монструм, ниту убиец
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Палевски: Не сум монструм, ниту убиец
ХРОНИКА

Палевски: Не сум монструм, ниту убиец

Објавено April 14, 2025 12:35
Сподели
Сподели

Во Основниот кривичен суд во Скопје почна сведочењето на Љупчо Палевски, првообинет за убиствата на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Палевски во своето сведочење рече дека не се чувствува ниту како монструм, ниту како убиец и негираше дека ги извршил грабнувањата и убиствата.

– Не сум ги извршил убиствата, ниту грабнувањата. Едноставно немам мотив за тоа, затоа што во депото на Основното јавно обвинителство, се наоѓа хард диск Тошиба кој го одземаа со записник во кој има преку 200 илјади телефонски разговори, гнасотии на оваа политичка елита, но и на новинарската професија и доколку сум сакал да реализирам какво било користољубие сум можел да уценувам милијардери со Ферари и останати, но, ете, тоа не сум го направил. Така што не само што не сум го направил, туку немам мотив да направам такво злосторство, рече Палевски.

За медиумите рече дека се корумпирани и дека биле хранети со лаги кои требало да ги проверат.

– Една ипол година врескаат дека докази има, јас додека бев во Турција, за тој период имав турски адвокат кој ме застапуваше пред турскиот суд и ме извести, ми даде принтана копија од вестите каде што бев опишуван, како што бев опишан. На прес-конференцијата одржана на 5 декември кога е поднесена кривичната пријава, гледам дека постоело само едно вештачење во моментите на одржување на тој прес, ЈО до подигнување на кривичната пријава го има вештачено само телефонот на убиениот Панче Жежовски и тоа две вештачења за папиларни линии и днк. Сите останати вештачења се правени после 5 декември, рече Палевски.  

Пред Палевски, сведочеа сите останати осомничени.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Сѐ што ќе побарате, сѐ ќе направиме“, испратил порака таткото на Вања на нејзиниот телефон
Следна Статија Бугарскиот министер за надворешни работи за Македонија во ЕУ: Уставните измени не се единствениот услов, тогаш почнува процесот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

За долг од 80 000 земале над 700.000 денари, приведени татко и син од Кавадарци

Две лица од Кавадарци се приведени поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи…

November 7, 2025
ХРОНИКА

Осомничен за демнење и насилство врз жена во Велес

Постапувајќи по поднесена кривична пријава од МВР, Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 59-годишен велешанец, осомничен за кривично дело…

September 20, 2025
ХРОНИКА

Четири лица тешко повредени откако возило се преврте во Волково

Четири лица се тешко повредени откако возило се преврте утринава на обиколница во Волково. Информацијата за МИА ја потврди шефот…

April 5, 2025
ХРОНИКА

Силувана 20-годишна девојка, уапсен партнерот

Полицијата уапсила 27-годишен жител на струмичко заради сомневање дека извршил обљуба врз 20-годишна жителка на радовишко село со која живее…

October 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?