Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Палчо сакал да оди за Русија, но не за да бега туку да бара редок христијански документ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Палчо сакал да оди за Русија, но не за да бега туку да бара редок христијански документ
ХРОНИКА

Палчо сакал да оди за Русија, но не за да бега туку да бара редок христијански документ

Објавено April 14, 2025 21:58
Сподели
Сподели

Љупчо Палевски денеска демантираше дека сакал да бега во Русија па дури и дека имал резервирано авионски билет за Москва.

Тоа не е точно, рече Палевски..

Тој објасни дека во тој период имал многу обврски со партијата но и проблеми со здравјето па сакал да оди да земе примерок од редок христијански документ.

-Се работи новгородски ливчиња. Требаше да однесам копија од патријаршија кој го чуваат во Москва за во партијата.

Што се новгородски листови

Средновековен книжевен ракопис, односно фрагмент од ракопис (2 пергаментни листови напишани со глаголско писмо) пишуван во последната четвртина на X век. Според правописните и јазичните особености се поврзува со дејноста на Охридската книжевна школа. Листовите се фрагмент од Самоиловото царско евангелие кое во 1056/57 г. било испратено во Киевска Русија за време на покрстувањето на Русите, при што послужило како предлошка за пишувањето на Остромирово евангелие. Според содржинската структура листовите се фрагмент од краток апракос, изборно евангелие. Во нив се наоѓаат делови од евангелските текстови од шестата и седмата Страсна седмица од Великиот пост. На првиот лист текстот започнува со крајот на Марко 10:45, потоа следуваат четивото за Лазарова сабота ‒ Јован 11:1-16, а на вториот лист се наоѓа крајот на четивото за Велики понеделник и почетокот од четивото за Велики вторник ‒ Матеј 24:25-37. Пронајдени се од страна на рускиот археолог Ј. К. Кипријанов, поради што се познати и како Кипријанови листови, а се нарекуваат и Новгородски затоа што претходно овој фрагмент бил во сопственост на библиотеката на новгородскиот храм „Св. Софија“. Се чуваат во Руската национална библиотека во Санкт Петербург.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Објавен јавен оглас за избор на кандидати за судија на Македонија во Европскиот суд за човекови права
Следна Статија Тандемот што може да ги измеша картите во Центар: Емилијан Станковиќ и Софија Куновска како можна независна опција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Маж пронајден мртов во неговата куќа

48-годишниот А.А. од Скопје бил пронајден мртов во семејна куќа во село Удово. Според информациите од полицијата, починатиот имал здравствени…

February 9, 2025
ХРОНИКА

Бактериска инфекција причина за смртта на Панчо

По долготрајната и тешка битка со последиците од трагедијата во Кочани, утрово, нешто после 10 часот, во приватната клиника каде…

October 14, 2025
ХРОНИКА

Ужас во Скопје: Тинејџер прободен со нож, напаѓачот е 15-годишно дете

Во автобус на еден од приватните превозници, синоќа бил пронајден млад скопјанец кој бил прободен со остар предмет, дознава 24инфо.мк. 18-годишниот…

October 26, 2024
ХРОНИКА

Илјадници граѓани на погребот во Кочани

Во Кочани денеска се погребани триесет и едно лице од 59, колку што загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во…

March 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?