Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пандов: Дигиталната судница во Идризово заслужува почесто да биде користена, до крајот на годината ќе почне изградба на втората фаза од затворот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Пандов: Дигиталната судница во Идризово заслужува почесто да биде користена, до крајот на годината ќе почне изградба на втората фаза од затворот
МАКЕДОНИЈА

Пандов: Дигиталната судница во Идризово заслужува почесто да биде користена, до крајот на годината ќе почне изградба на втората фаза од затворот

Објавено May 29, 2025 11:19
Сподели
Сподели

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов денеска на прес-конференција ја поздрави одлуката на судијката Даниела Димовска да го одржи судењето за случајот „Адитив“ во дигиталната судница во Идризово. Посочи дека станува збор за европска судница, која заслужува многу почесто да биде користена и испрати апел до сите судии да ја користат за поголеми случаи, вклучувајќи го случајот и со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Оваа судница е направена во 2020 година. Првото судење е направено дури после две години, во 2022 година, и од тогаш за жал до ден денес, оваа судница е празна. Оваа судница е под Управата за извршување на санкции, меѓутоа пред се и над се, на Република Македонија. Не знам колку сте имале можност да ја видите судницата, ова е европска судница и заслужува многу почесто да биде користена, рече Пандов.

Тој напомена дека судницата е во одлична состојба и се она што недостасувало од технички аспект, сега е поправено. Пандов најави дека до крајот на годината или до почеток на следната ќе почне изградба и на втората фаза од затворот Идризово, што се наоѓа во близина на оваа судница.

– И пристапниот пат е проширен, така што мислам дека во идно време посакувам и верувам во тоа дека оваа судница ќе биде многу почесто користена.Она зеленило што го гледате на 50 метри од самата судница е предвидено за изградба на втората фаза од затворот Идризово, за кој што јас искрено се надевам дека ќе започне до крајот на годината, ако не почетокот на следната година. Таму ќе се наоѓа притворот, ќе има 420 кревети за 420 осомничени лица. Ќе биде идеална за сите останати судења, не само поголемите судења, туку и помали судења, за да не треба да се прават спроводи од Шутка или од Куманово или од некој друг град до Кривичен, туку веднаш до самата судница ќе биде главниот притвор на државата, додаде Пандов.

Напомена дека за ова веќе се обезбедени сите потребни дозволи и одмрзнати се парите од Банката за обнова и развој. 

– Парите беа замрзнати, затоа што ние сме под постојан мониторинг на Комитетот за борба против тортура, кој што е составен дел од Совет на Европа. Тие имаа огромен број на забелешки на работењето на македонските затвори, на Управата за извршување на санкции и нашите пари од кредитот беа под мораториум. Ние ги имавме на сметка, но не можеа да се користат. Сега истите се одмрзнати, рече Пандов.

На новинарско прашање дали е можно во оваа судница да се одржи и судењето за случајот со пожарот во Кочани, Пандов напомена оти искрено верува и затоа испрати апел до судиите кој ќе го водат тој случај.

– Јас во тоа име и се обраќам сега, како повик до секој судија. Не знам кој ќе биде судија на тој случај, но искрено верувам дека ќе се одвива тука, додаде Пандов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Да живее Македонија! – Орбан му се заблагодари на Мицкоски за заштитата на европската граница од миграцијата (ВИДЕО)
Следна Статија Силјановска-Давкова: Можност за пласирање на македонското вино и фармацевтските производи на казахстанскиот пазар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Горан Ангелов-Ќосето доби прекин на казната затвор затоа што има скршени четири ребра

Горан Ангелов-Ќосето, осуден за „27 април“, доби прекин на казната од два месеци. Ваквата одлука доаѓа откако претходно судот го…

February 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски за „Политико“: Државата не е подготвена за уставните измени што ги бара Бугарија без цврсти гаранции од ЕУ, дека тоа ќе биде последното такво барање

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде интервју за влијателниот…

August 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за Груби: Сите бегалци од правдата, да дојдат и да се соочат со фактите

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги повика сите бегалци од правдата да се вратат во земјава и да се соочаат со…

January 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Министерството за образование му ги одзеде ингеренциите на Мерко за две школи во Драслајца и Подгорци

За две основни училишта во Струга одземени се ингеренциите на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, велат од Министерството за образование…

November 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?