Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пандов: Системската корупција во голема мера е намалена, но не е уништена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Пандов: Системската корупција во голема мера е намалена, но не е уништена
МАКЕДОНИЈА

Пандов: Системската корупција во голема мера е намалена, но не е уништена

Објавено September 23, 2025 13:34
Сподели
Сподели

Верувам дека оваа година е намалена системската корупција во голема мера, дали е уништена – не, но верувам дека од година во година бројките и оние скалила кои што нè мерат, верувам дека Македонија само ќе напредува, рече в.д. директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов во одговор на новинарско прашање поврзано со системската корупција во затворите ширум земјава.

По денешната Меѓународна научна конференција во организација на Факултетот за безбедност – Скопје, Пандов посочи дека откако е на чело на Управата за извршување санкции имал бројни средби со обвинители и судии и дека точно е дека таму постои корупција, меѓутоа, нагласи, дека од нив огромен процент ја сакаат работата и не сакаат државата да е на ова ниво со корупција.

-Од она што го видов овие година дена во затворите можам да кажам дека буквално имало системска корупција … Овие година дена имав можност да се сретнам со голем број обвинители и судии и точно е дека таму постои корупција, меѓутоа, точно е и дека таму постои огромен процент на луѓе кои ја сакаат работата и не сакаат да сме на ова ниво со корупција. Не може една институција да ја уништи системската корупција, рече Пандов.

Вели во одредени затвори бројките на затвореници кои имаат мобилни телефони се поразителни, односно како што рече „нема телефон само оној којшто не сака да има телефон“.

-Во одредени затвори бројките се поразителни за мене, за тоа колку мобилни телефони имаат затворениците. Јас од позиција на в.д. директор на Управата за извршување санкции можам да правам контроли, меѓутоа борбата против корупцијата во самите затвори е на директорите на затворите и на затворската управа. Можам да посочам одреден број затвори каде што со кого сакате да викнеме да ги направат претресите јас ве уверувам дека нема да најдеме ниту еден или еден-два телефони и точно е дека во одредени затвори нема телефон само оној којшто не сака да има телефон, рече Пандов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Развој на патната мрежа и подршка за превозниците, основниот двигател на бизнисот
Следна Статија (Видео) Трамп се потсмеваше на воената моќ на Венецуела: Фативме обука на милицијата, многу сериозна закана

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Преку вториот повик, имаме 828 потпишани проекти во сите општини во државата без разлика градоначалникот од која партија доаѓа

На денешната седница за пратенички прашања во Собранието, пратеничката Драгана Бојковска му постави прашање на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски…

July 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Слава за хероите од Карпалак

Слава за хероите од Карпалак. Нивното дело и пожртвуваност се памети, нивната храброст и одлучност се почитува. Нека нивната жртва…

August 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата ќе ги достави петте кандидати за јавен обвинител до Советот на јавните обвинители

Владата на денешната седница донесе заклучок во однос на петте кандидати за јавен обвинител и во согласност со законските одредби…

February 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

„Косова прес“: Груби се наоѓа во Приштина

Извор на новинската агенција „Косова прес“ тврди дека вчера попладнето го видел поранешниот вицепремиер на Македонија и бегалец од правдата,…

January 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?